За само два месеци 175 луѓе пoчинaле од Ковид-19, а биле вakцинирани

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

175 луѓе кои биле вакцнирани со две дози починале од Ковид-19 во периодот од 6 август до 30-ти септември, покажува анализата на Министерството за здравство. Тоа е 15 проценти од вкупно 1.162-ца кои починале во овој период. За сега нема податоци на која возраст биле починатите, со која вакцина има најмногу починати и дали и колку други заболувања имале. Министерството сега додатно прави посебна анализа.

Од Светската здравствена организација потенцираат дека смртноста во Македонија е на високо ниво поради начинот на лекување. Со резултатите од пописот Македонија се искачи на чекор до врвот за најголема смртност кога се пресметува колку починати има на милион жители. Сега во Европа земјава е прва на листата и дури и пред Босна и Херцеговина, а во светот втора после Перу. Починати се 3.659 починати на милион жители додека во Босна и Херцеговина просекот е 3.267 на милион жители, а во Перу 5.946 на милион жители. Профеосрот на Техничкиот факултет во Битола Дејан Трајковски кој постојано изработува статистички анализи предвидува дека ќе има над 1.000 заразени и над 30 починати на ден во следниот есенски бран.

Инаку последниот извештај на Институтот за јавно здравје открива дека 47% од хоспитализираните пациенти починале во болница од Ковид-19. Дел од семејствата се посомневаа во ефикасноста на системот и начинот на лекување.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This