(Видео) Стоилковски: Сe’ ќe пocкaпи зapaди pacипништвo нa peжимoт, ce’ дpyгo e лaгa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Се’ ќе поскапи!

Покачување на давачките за нафтата и горивата и најавеното драстично зголемување на цената на електричната енеригија е најлошата економска одлука којашто може да се донесе.

СДСМ ги удира граѓаните. Ги удира земјоделците, таксистите, превозниците, преработувачката индустрија, стопанството, сите домаќинства, пензионерите.

Се’ ќе поскапи!

Вакво драстично зголемување на цената на горивата и електричната енергија, во период на економска рецесија и на веќе видлива инфлација, ќе ги зголеми цените на се’, ама буквално на се’, на храната, на сметките, на превозот, на земјоделските производи, цените на облека, цените на се’.

Овие најавени поскапувања не се ниту први, ниту единствени во време владеење на режимот на СДСМ.

Нафтата со новото поскапување на давачките од 3,5 денари за т.н. еколошка такса, како измама за празниот буџет и зголемувањето на ДДВ-то по тој основ, вкупно нафтата е зголемена за 14,06 денари само за давачки коишто ќе ги плаќаат граѓаните за даноци, акцизи, такси и маржи по еден литар гориво. Овие 14,06 денари не се плаќаа пред доаѓањето на режимот на СДСМ во Македонија.

Да потсетам дека струјата лани веќе се поскапи со 7,42%, а за оваа година се најавува ново дополнително двоцифрено поскапување.

Почитувани, Зоран Заев не ги враќа парите на граѓаните.

Зоран Заев ги зголемува сите возможни цени, даноци, такси, маржи и акцизи коишто ги плаќаат граѓаните.

Тендерите за нивните фирми врват, државните компании нижат загуби, граѓаните осиромашуваат, а власта се луксузира.

Заради нивното расипништво, граѓаните ќе плаќаат многу повеќе. Поскапувањето на горивата и на струјата е со единствена цел – да се пополни празната буџетската дупка, создадена со нивното расипништво. Се’ друго е лага.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This