Ќе никне ли нова зграда во близина на плоштад Македонија?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Се испитува почвата во централото градско подрачје за да се изгради нова зграда, тврдат жители кои живеат во близина на градскиот плоштад Македонија.

Тие велат дека разговарале со мајсторите кои работат на оградениот дел на потегот од поранешен Телеком до плоштадот Македонија. Мајсторите ги информирале дека се испитуваат почвата и земјата за да се изгради нова зграда. Тоа би значело сечење на сите дрвја на овој потег, а на нивно место да се „засадат“ цигли и бетон.

Кој добил дозвола да гради на ова парче зеленило, на атрактивна локација на само 500 метри од плоштад Македонија? Кому Саша Богдановиќ и Петре Шилегов му го дадоа ова атрактивно и скапо парче земја? Која е цената за да се уништи зеленилото на сметка на станбено чудовиште?!

Извор: Република

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This