(Видео) Тpaгичнa нecpeќa вo САД: Тројца американски вojници зaгинaa пpи пaд нa хeликoптep

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тројца припадници на Националната гарда загинаа синоќа кога нивниот хеликоптер на тренинг лет падна во поле во западниот дел на американската сојузна држава Њујорк.

Хеликоптерот UH-60 Black Hawk, за медицинска евакуација, се урна околу 18:30 часот по локално време вчера во Медон, јужно од Рочестер, соопштија официјалните лица.

Се испитуваат околностите на несреќата, а во истрагата ќе учествува и Федералната управа за авијација.

Хеликоптерот полетал од воен објект во близина на меѓународниот аеродром Рочестер.

Гувернерот на државата Њујорк Ендрју Куомо изјави дека знамињата на државните згради ќе бидат спуштени на половина копје денес во чест на паднатите војници.

Шерифот од округот Монро на прес-конференција рече дека сведоците кои се јавиле во службите за итна помош пријавиле дека слушнале нешто како наизменичен звук на моторот и дека хеликоптерот летал многу ниско. Шерифот рече дека во несреќата нема преживеани.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This