April 28, 2024, 10:43 am

(Видео) Утрово убиен албански бизнисмен

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Албанскиот бизнисмен Ракип Роли утрово бил убиен додека возел автомобил во албанскиот град Лач, објавија албанските медиуми.

Според неофицијални информации, 55-годишникот возел автомобил кога кон него било пукано од автоматско оружје.

Наводно, Рали изгубил контрола над автомобилот, се судрил со друго возило и починал на лице место. Полициските служби го опколија местото на злосторството, а, како што се наведува, се работи на целосно разоткривање на настаните, за да се фатат сторителите.

Жртвата била позната како бизнисмен кој тргувал со градежен материјал. Неговите синови Емилијано и Исуф Роли беа обвинети за трговија со дрога во 2017 година.

Ракип Роли и во 2011 година беше осуден за нанесување тешки телесни повреди на 22-годишник.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This