Koнтрадикторни cведочења за „Плацеви на Водно“ – дел од сведоците фатени во лага

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денес во судот сведочеа три нови сведоци во случајот плацеви Водно. Имаше многу контрадикторни сведочења од кои дел од сведоците се фатија во лага.

Прва беше Бисерка Јовковска Ќаева. Таа била сопственик и продавач на еден од становите кои Никола Груевски ги изнајмил а обвинителството се обидува да докаже дека претходно ги купил.

Бисерка денес беше фатена во лага.

Таа даде сосема различна изјава од изјавата која ја дала и потпишала во обвинителството пред една година.

Имено пред една година Бисерка Јовковска Ќаева рекла и потпишала дека откако решиле да го продаваат станот ги информирале познатите и пријателите, и по некое време и се јавил телефонски некој кој се преставил како адвокат и им кажал дека е заинтересиран да го купи станот, по што одкако се договориле за деталите со него го продале на некоја градежна фирма.

Додала и тоа дека дотогаш никогаш со Груевски не се сретнала како комшија во ходникот во времето додека нејзината ќерка живеела таму.

За разлика од оваа изјава дадена и потпишана пред обвинител, денес, којзнае под како притисок, Бисерка кажа дека одкако решиле да го продадат станот ги информирале не “познатите и пријателите” туку “комшиите вклучително и Груевски” за кого претходно во изјава кажала дека никогаш дотогаш како комшија не го сретнала во ходникот, а денес и го потврди тоа на прашање на адвокатот. Значи никогаш не го сретнала а го информирала.

Таа додаде дека подоцна адвокатите и некои посредници на Груевски, без да именува кој адвокати (одеднаш од еден неименуван адвокат се претворија во повеќе не именувани адвокати) и кои посредници бидејќи и нив не ги именува, се јавиле и го купиле станот. Но, најчудно беше кога адвокатот назначен по службена должност да го брани Груевски ја праша како таа знаела дека се тоа адвокати на Груевски, на што Бисерка одговори дека всушност не знаела дека се адвокати на Груевски.

Адвокатот назначен по службена должност да го брани Груевски, неможеше да не реагира потсетувајќи ја на изјавата дадена во обвинителството.

За Бисерка Јовковска Ќаева се распрашавме и дознавме дека некое време била директор на една од скопските клиники и дека подоцна имало контрола на нејзиното работење.

Втор сведочеше бизнисменот Илија Гечев кој кажа се идентично како во изјавата пред една година од што се виде дека обвинителката Лиле Стефанова сака да го доведе судот во заблуда со овој сведок, што не и успеа.

Илија Гечев повтори како што кажал во обвинителството дека Миле Јанакиески некаде во 2011 – 2012 година му се јавил и му кажал дека се продава земјиште на Водно во големина од 1200-1300 метри квадратни и ако е заинтересиран може да го види.

Тој го видел, разговарал и со некој адвокат Ерол Хасан кој бил овластен да го продава земјиштето и потоа никогаш не се јавил да го купи.

Адвокатот по службена должност побара да потврди дека земјиштето било од 1.200-1300 метри квадратни а не 2.700 или 11.000 метри квадратни кои се предмет на обвинението, по што Гечев го потврди истото со што се виде дека обвинителката се обиде да подметне сведок кој гледал друго земјиште а не тоа кое е предмет на обвинението.

Илија Гечев повтори и уште еден битен факт кој го кажал во обвинителството и потпишал записник за тоа, а тоа е дека адвокатот Ерол Хасан со кој се сретнал Гечев за тоа земјиште му ги кажал и сопствениците на земјиштето а тоа биле семејството Панделевски од Прилеп, познати бизнисмени, прилепчани и многу блиски пријатели на Миле Јанакиески.

Како од фактот што кажа дека гледал земјиште со големина драстично различна од онаа која е предмет на обвинението, така и од тоа дека адвокатот го информирал дека се работи за земјиште на семејството Панделевски, се воочи измамничкиот обид на обвинителката Лиле Стефанова, која очигледно со поканата на овој сведок кој гледал земјиште во близина на едно од земјиштата за кои го теретат Груевски, сакаше да го доведе судот во заблуда дека Јанакиески го нудел за продажба земјиштето кое таа му го товари на Груевски.

Третиот сведок денес беше Татјана Стојановска која 20 години била лична секретарка на главниот сведок на обвинителството Александар Ивановски, познат по прекарот Алек Теранова, кој предходно во изјава кажа дека трето лице му кажало да ги купи двата стана и земјиштето од 2.700 метри квадратни на Водно, бидејќи Груевски сакал за него да ги купи, но тоа трето лице го негираше и го отфрли тоа како невистина.

Додатно Александар Ивановски кажа дека за земјиштето и поголемиот стан никогаш не му било платено, туку тој ги купил од свои средства, и денес се во негова сопственост односно формално сопственост на неговата секретарка Татјана Стојановска, додека за помалата гарсоњерата кажа во судот дека некој дал пари ама не кажа кој.

Неговата дво децениска лична секретарка денес потврди дека Алек и рекол дека сака на нејзино име да ги купи недвижностите, и дека тие се за Никола Груевски.

Таа кажа дека Никола Груевски никогаш не го видела лично, ниту некогаш го чула по телефон, а на прашање дали знае или само претпоставува дека се негови становите и земјиштето, одговори дека само ПРЕТПОСТАВУВА, бидејќи така чула од шефот Алек.

Татајана беше прашана и дали знае дека во време кога Алек Тера нова го купувал овој имот бил во или непосредно пред бракоразводна постапка индека всушност купениот имот сакал да го скрие од поранешната сопруга во поделбата на имотот во бракоразводната парница, Стојановска одговори дека не била информирана за приватните работи на нејзиниот шеф, но даде изненадувачки одговор од приватна природа кога беше прашана дали Алек го користел некогаш овој имот, што е целосно приватно прашање за Александар Ивановски, кое таа навистина не се очекува да го знае, но секретарката на Алек одговори дека не го користел, иако не е јасно како таа може да знае што правел тој вон работното време и како тоа тој го издава под кирија на Никола Груевски, договор кој таа го потпишува, а тоа не го смета за користење. Прилично конфузна изјава на Татјана Стојановска, која во кое мачно судство не би била никаков придонес во однос на обвинителството во очите на судот, слично како инсведочењето на Бисерка Јовковска Ќаева. Сведоците јасно наликуваат на сведоци под голем притисок и уцена, па лесно се фаќаат во контрадикторности на нивните изјави, лаги и менување на изјавите од оние дадени во обвинителството пред една година.

Инаку Алек Тера нова е неколку години редовен “пациент” на обвинителството за случајот “Империја”, каде согласно информациите се обидува да се извлече од листата на обвинети и да стане сведок против другите обвинети.

Тој случај “Империја” го води истата обвинителка, како што истата обвинителка го води случајот “Титаник” за финасирање на изборите, каде обвинети се и сведоци во овој случај Мартин Протогер и Миле Јанакиески, а Лиле Стефанова води и неколку други случаи против Миле Јанакиески. Така всушност другите судски предмети на “сведоците” обвинителката Лиле Стефанова според информациите ги користи како притисок врз нив да ги уцени сведоците да и бидат лажни сведоци во овој пре

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This