(ВИДЕО) ЦЕРЕМОНИЈА ВО МЕЃУНАРОДНАТА ВСЕЛЕНСКА СТАНИЦА: Лука Пармитано му ја предаде командата на ISS на Олег Скрипочка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лука Пармитано му ја предаде командата на ISS на Олег Скрипочка.

По шест месеци на Меѓународната вселенска станица и нешто повеќе од четири како командант, астронаутот на Европската вселенска агенција (ЕСА), Лука Пармитано, му ја предаде главната команда на рускиот космонаут Олег Скрипочка, пред да замине од Станицата во раните утрински часови на 6 февруари.

Лука беше третиот европски командант на вселенската станица, по астронаутите во ЕСА Александар Герст во 2018 година и Френк Де Вин во 2009 година. Тој исто така беше првиот италијански командант.

Промената на командата се случи за време на кратката церемонија во која Лука му го подари симболичниот клуч од отворот на станицата на Олег, а потоа заѕвони со што го објави почетокот на Експедицијата 62 на ISS.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This