(Видео) Шokaнтно интервју за Cи-Ен-Ен: Виpycoт избeгaл од лабapaтopија, тврди екс директopoт нa амepикaнcкиот Центap зa контpoлa нa зapaзни бoлecти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешниот директор на американската ЦДЦ, Роберт Редфилд, денеска во изјава за „Си-Ен-Ен“ нагласи дека верува оти коронавирусот „избегал” од Институтот за вирусологија во Вухан и дека тој се шири уште од септември или октомври 2019 година.

Тој додаде дека тоа е само негово „мислење”.

Редфилд ја водеше Агенцијата за јавно здравје на американската влада од времето кога вирусот беше откриен за првпат во Вухан преку целокупниот одговор на администрацијата на Доналд Трамп.

– Сè уште мислам дека најверојатната етиологија на оваа патологија во Вухан е од лабораторија. Избегал. Другите луѓе не веруваат во тоа. Добро е тоа. Науката на крајот најверојатно ќе открие, изјави Редфилд за „Си-Ен-Ен“.

– Не е невообичаено за респираторни патогени на кои се работи во лабораторија да го инфицираат лабораторискиот работник. … Тоа не значи никаква намера. Тоа е мое мислење, нели? Но, јас сум вируолог. Го поминав својот живот во вирусологија, додаде Редклиф.

– Не верувам дека ова некако дојде од лилјак до човек и во тој момент со време кога вирусот дојде кај човекот, стана еден од најинфективните вируси што ги знаеме во човештвото за пренесување од човек на човек, заклучи поранешниот директор на американската ЦДЦ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This