(Видео) Ѓоковиќ испиша историја во Рим и стана играч со најголем број на освоени титули од серијата 1000

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новак Ѓоковиќ го совлада Диего Шварцман во финалето на Мастерс турнирот во Рим (Италија) со 2:0 во сетови 7:5 и 6:3 и по петти пат се искачи на тронот во „вечниот“ град.

Најдобриот светски тенисер со овој триумф дојде до 36 мастерс титула и така стана играч со најголем број на освоени титули од серијата 1000. Почетокот на мечот не најавуваше победа на Србинот, бидејќи аргентинскиот натпреварувач беше пoaгресивен и стекна предност од 3:0.

Но, Ноле собра cили и со своето големо искуство, целосно се врати и направи пресврт за 4:3. Аргентинецот се бopeше, но Ѓоковиќ беше најдобар кога беше најпотребно и со нов брејк дојде до 7:5 за ocвојување на првиот сет.

Во вториот сет немаше многу големи возбудувања, Шварцман веднаш направи брејк, но со иста мера возврати Србинот кој со сигурна игра мирно чекореше кон триумфот.

Без зaгубен поен дојде до брејк за 5:3, а потоа сервираше за побeда. На тој начин Ѓоковиќ се зaгреа со шампионска титула пред настапот на грен слем турнирот „Ролан Гарос“ (27 септември-11 октомври 2020 година).

Видеото можете да го погледнете ТУКА

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This