(Видео) 3oштo Нов Зеланд пopaди 3 cлyчaи на Koвид-19 зaтвopи 2 милиoни лyѓe – Oвa ce дeтaлитe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Два милиони жители на Нов Зеланд од понеделникот се во карантин поради три случаи на COVID-19. Брзото и одлучното затворање за животот што побрзо да се врати во нормала е стратегијата на „нула ковид“ што ја применуваат некои земји во Азија и Океанија. Но, дали е тоа изводливо во Европа?

Со таа стратегија се сака во некоја земја или регион да се намали циркулирањето на коронавирусот со строги мерки кои се воведуваат штом се појави заразата. Тоа се комбинира со драстична контрола на жариштето (тестирање, следење, изолација). Истовремено, нормалниот живот може да продолжи онаму каде нема вирус.

Сè повеќе експерти имаат позитивен став оваа стратегија да се применува и во Европа.

„За земјите кои ја усвоија стратегијата предноста е тројна“, истакна швајцарскиот епидемиолог Антоан Флаолт.

Тоа се земјите како Нов Зеланд, Австралија, Кина, Тајван и Виетнам.

„На здравствен план тие се светски шампиони по малиот број починати по жител, а социјалниот живот се одвива нормално. Баровите, рестораните, културните и спортските активности, училиштата и универзитетите се отворени и функционираат нормално, а скоро и да не постојат епидемиолошки мерки“, објасни тој.

Дури и на економски план, Тајван и Кина бележат позитивен раст на БДП. Тој смета дека стратегијата „нула ковид“ е подобра од „стратегијата на ублажување“ што ја спроведуваат повеќето земји на Запад, а се однесува на организирање на соживот со вирусот меѓу два брана.

„Што значи соживот со вирусот? Сегашната ситуација не е прифатлива, долгорочно премногу работи се непознати“, вели Мартин Меки, професор по јавно здравје на Лондонската школа за хигиена и тропска медицина.

Тој смета дека залудно се обидуваме да ја ставиме епидемијата под контрола, постојано доаѓаат нови бранови и нови затворања, а никој не може ништо да испланира, патување, одмор, венчавка или нов бизнис.

„Колку повеќе циркулира вирусот, толку се почести мутациите. Не можеме понатаму така со трет, четврти, петти, дваесетти бран“, вели Меки кој е уверен дека „нула ковид“ е единствената стратегија.

Но, може ли оваа стратегија да се примени во Европа?

„Тоа би било потешко да се примени во Европа“, смета Арчи Клементс, епидемиолог од Универзитетот Куртин во Перт. „Постојат повеќе причини за тоа. Таму има поголема мобилност, поголема густина на населеност, зависност од европската економија и фактот дека Европа е важна дестинација за патувања“, вели тој.

„Во Австралија и на Нов Зеланд имаме природни пристапи кои не можат да се копираат на друго место, наспроти нашата изолираност и непостоењето на копнени граници“, вели тој.

Независно од тоа дали оваа стратегија може да се примени во Европа, Клементс смета дека веќе е предоцна бидејќи вирусот и неговите варијации се силно распространети.

„Европа ја испушти можноста да усвои стратегија на нула ковид на крајот на првото затворање и го искористи летото со што дозволи циркулирање на вирусот“, вели тој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This