(ВИДЕО) FORD ВО СОРАБОТКА СО GTB И AEDO: Слепите луѓе ќе можат да “гледаат” преку прозорците на автомобилите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Благодарение на технологијата која ја разви Ford во соработка со компаниите GTB и Aedo, cлeпитe луѓе можат да „гледаат“ преку прозорците на автомобилите. Технологијата наречена Feel The View функционира така што создава чувство на вид преку 255 вибрации кои се пренесуваат преку прозорците на автомобилот, а paцeтe можат да ги почувствуваат и да ги интерпретираат.

Треба само да се притисне копче за уредот да ја фотографира околината, а потоа се креира монохромна слика со висок контраст која се претвора во нијанси на сива, а технологијата може секоја нијасна да ја пренесе на стаклото на автомобилот како уникатна вибрација со различен интензитет.

Тоа на слепите луѓе им овозможува да ја „почувствуваат“ околината благодарение на деталите во длабочина кои можат да ги „допрат“, а врз основа на тоа да го замислат она што може да се види околу нив. Корисен додаток е интегрираниот виртуелен асистент, кој дава контекст на фотографиите изговарајќи зборови кои ги опишуваат фотографиите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This