(Видео) Hayкaтa нacпpoти митoвитe: Bиcтинaтa зa вakцинитe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Д-р Кетрин О’Брајан од СЗО одговара на неколку теории на заговор за вакцините поврзани со неплодност, ДНК и составот на вакцините.

„Вакцините што ги даваме не можат да предизвикаат неплодност. Ова е гласина што се провлекува околу многу различни вакцини и воопшто нема вистина во неа. Не постои вакцина што предизвикува неплодност“, вели О’Брајан.

Во однос на митот дека вакцините некако ја менуваат нашата ДНК, таа вели:

„Сега имаме две вакцини што се нарекуваат иРНК-вакцини и нема начин на кој иРНК може да се претвори во ДНК. И нема начин иРНК да ја смени ДНК на нашите човечки клетки. иРНК е давање упатство до телото да создаде протеин. Повеќето вакцини се развиваат со давање протеин или со давање мала, ситна компонента на микробот против кој се вакцинираме. Ова е нов пристап, во кој наместо да го дадеме тој мал дел, наместо тоа, ние само им даваме упатства на нашите сопствени тела да го создадат тој мал дел, а потоа нашиот природен имунолошки систем реагира на него.“

„Вакцините што ги имаме се безбедни вакцини“, вели О’Брајан. „Сите компоненти што влегуваат во вакцините се детално тестирани за да се осигуриме дека она што е во нив, во дозата во која е во нив, е безбедно за луѓето. Вакцините содржат голем број различни елементи и секоја од нив е тестирана. Пред да му бидат дадени на човек, тие се тестираат на животни и се тестираат за секакви видови проблеми кај животното. И дури потоа се ставаат во луѓе, каде што ги тестираме во клинички испитувања со десетици илјади луѓе што ја примаат вакцината пред на крај да бидат овластени за употреба во пошироката јавност. А безбедноста е најважниот дел од тие клинички испитувања. Секоја вакцина поминува низ безбедносна процена за да бидеме сигурни дека е безбедна пред да се користи кај пошироката јавност. Покрај тоа, производството на вакцини има постојан надзор на квалитетот, така што секоја состојка што влегува во вакцината е со највисок квалитет и безбедна за употреба кај луѓето.“

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This