(Видео) Hyклeapка на Палчо – Цeл свeт е пpиcлyшкyван преку Македонија: Cнимeн е pyскиот вицeпpeмиер, cнимeни ce и Амepиканците и Изpaeлците

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во вчерашното издание на подкастот „Тешки муабети“ продолжи темата за бомбите, овој пат од позиција на Зоран Заев како власт и сите оние случувања во 27 април, денот кога впрочем Заев ја доби власта во Македонија. На прашање на новинарот Милош Милошевски дали покрај бомбите за странски амбасадори во Македонија, се снимени други посериозни светски политичари и лидери со македонската опрема, Љупчо Палевски имаше шокантен одговор.

-Она што е страшно и Сашо Мијалков не знам како ќе се извлече од тоа, снимен е комплетно Израел и целата нивна политичка елита. Директорот на МОСАД е снимен со нашата опрема, Израел ни дале опрема ние сме ги снимале. Кретенизмот е толку голем е што оние луѓе кои упаднаа во нашата опрема, македонска мислам на МВР упаднаа од надвор и цел свет е снимен со нашата опрема. Пријателските служби меѓу себе не се снимаат ама имаат идиотска држава како нашава и преку нашата опрема е снимен Израел. Сашо Мијалков направи огромна штета за државата Израел, вели Палевски.

Понатаму тој открива детали дека руската амбасада е комплетно снимена, но снимена е и американската амбасада, односно поранешнио амбасадор Пол Волерс. Шокантно е тоа што се снимени високи странски државници, според Палевски комплетно е снимен Израел и целито нивен државен врв, но снимен е и рускиот вицепремиер, Димитриј Рогозин кој го бара гробот на својот прадедо кој бил Црногорец.

Руската амбасада е комплетно снимена, преку 35 луѓе се снимани нон стоп. Во Атлантик стои дека со судска наредба се снимани и после 2017 година и денес се снимаат. Ако се сеќавате Зоран Заев и протера еден руски дипломат. Му беше тоа супер за руско мешање во референдумот, не во Американските избори, во референдум. И она што е најинтересно и срамно за Република Македонија е што исто така да кажеме Рогозин, третиот човек во Русија или директор на целиот воено индустриски комплекс е комплетно снимен со бившиот амбасадор Руски. Она што е интересно во разговорот, Рогозин е Црногорец по татко и Рогозин приватно во животот го бара гробот на неговиот прадедо. Тој е Црногорец кој бил доброволец во Руско-Јапонската војна. Со завршување на војната се оженил и останал во Русија и така денес постои Рогозин, тоа е неговиот прадедо. Тој не го знае гробот на прадедо му и во разговорот со рускиот амбасадор говорат за приватни работи како да дојде до некакви сознанија за неговото семејство и тоа е се снимено си стои во УДБА си стои кај Зоран Заев. Од американскиот амбасадор Волерс се е снимено, додава тој.

Уредникот на Инфомакс пак заклучи дека причината за целиот тетатар во Македонија се токму последиците од нелегалното прислушкување на целиот свет и тие бомби каде се слушаат гласовите на светските лидери.

-Може ли да заклучам дека театарот со бомбите, пуштањето во Македонија вклучувањето на цела меѓународна заедница тука во Македонија. Како да немаше поголеми проблеми во светот од Македонија. Од Меркел до Макрон, Матис, Пентагон дојде во Македонија. Сите дојдоа тука, можеме ли да заклучам дека тие бомби, тие снимки каде што се слушаат гласовите на светските лидери да не излезат, вели Митовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This