Гитapиcтoт на „Рибља чорба“ пoзитивeн нa Koвид-19: Миша Алкесиќ хocпитaлизиpaн вo бoлницa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бас гитаристот на рок групата „Рибља чорба“ Миша Алексиќ заразен е со коронавирус, по што е хоспитализиран. Миша помина неколку дена во самоизолација, а на инсистирање на менаџерот Бане Обрадовиќ, кој летово успеа да го победи вирусот, сместен е во клиничкиот болнички центар Бежаниска Коса.

– Бев позитивен на PCR тестот и бев дома два-три дена, мислејќи дека ќе ми биде подобро со витамини и соодветна исхрана, вели Миша Алексиќ за „Новости“. Сепак, добив висока температура која не сакаше да падне под 39 степени, а скенирањето на белите дробови покажа дека имам пневмонија, поради што сега сум во болница. Пневмонијата е најопасна кај короната.

Басистот истакна дека започнал со терапија и дека се чувствува добро. Исто така се надева дека во болница ќе остане 10-15 дена по што ќе си замине дома, но сепак неопходен е зборот на лекарот.

До неодамна, Миша Алексиќ беше многу активен како претседател на Управниот одбор на Здружението на џез, поп и рок музичари. На крајот на октомври, заедно со другите членови на „Рибља чорба„, освен фронтменот Бора Ѓорѓевиќ кој живее во Љубљана, се појави на третото доделување на наградите ГОДУМ, кога ја освоија наградата за рок-група 2019 година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This