ВМРО-ДПМНЕ се обединува, а доказ за тоа е и поддршката на независниот кандидат, Стојанче Лазов кој го поддржа Тихомир Николов од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Расте поддршката за ВМРО-ДПМНЕ. По убедливата победа во првиот круг во 22 општини, во вториот круг уште помасовно се мобилизира.
Доказ за големата поддршка на ВМРО-ДПМНЕ е и поддршката на независниот кандидат Стојанче Лазов. Тој во првиот круг во Општина Росоман освои 313 гласови и истите ги насочи на контото на Николов.
Обединетиот опозициски фронт е на чекор до голема победа во вториот круг, а уште еден предвесник за тоа е и победата во Росоман на чело со Тихомир Николов.