Витлеем го освeтли божикното дрво без вообичаената гужва

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Градските власти во Витлеем во саботата ги вклучија светилките на традиционалното божикно дрво без вообичаените тисканици и метежи, бидејќи поради мерките во врска со пандемијата на коронавирусот нарушено е празнувањето во овој град.

Минатата седмица плестинските власти најавија мерки, вклучително и полициски час, во целата палестинска енклава Западниот брег (на реката Јордан), во текот на 14 дена поради зауздувањето на „загрижувачкото ширење“ на вирусот.

Локалното население и аџиите тредиционално секоја година масовно се собираат во текот на палењето на светилките на елката на плоштадот во близина на Базиликата на Христовото раѓање, каде што според преданието е роден Исус Христос.

Меѓутоа, годинава присутни на чинот беа присутни само неколкумина новинари, пренесе фоторепортерот на агенцијата AFP. На овој чин и подоцна за Божикните празници вообичаено во Витлеем престојуваат околу 150.000 верници кои доаѓаат од сите страни на светот.

Кармен Гатас, директорка за односи со јавноста во градските власти на Витлеем, изјавила за AFP дека палестинскиот премир Мохамад Штајех го осветлил божикното дрво од далечина од својата канцеларија во Рамала.

Властите на Западниот брег, каде живеат повеќе од 2,8 милиони Палестинци, пријавиле досега 71.703 инфицирани со коронавирусот, од кои се потврдени 678 смртни случаи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This