Од денеска нова директна авиолинија помеѓу Скопје и Киев

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На Скопскиот аеродром од денеска ќе биде воспоставена нова авиолинија на релација Скопје – Киев.

Новите летови, што се воспоствуваат првпат меѓу Украина и Северна Македонија, ќе ги реализира авиокомпанијата WINDROSE. Летовите 7W791 / 792 ќе се извршуваат секој четврток и недела.

-Првпат во историјата на односите меѓу Украина и пријателска Република Македонија од 6 декември 2020 година се воведуваат летови на релација Кијив-Скопје-Кијeв!, соопшти Амбасадата на Украина во Скопје.

Летовите од аеродромот Бориспиљ ќе се извршуваат со авиони Embraer-145 и ATR72-600. Покрај тоа, истакнуваат од Амбасадата, WINDROSE нуди удобен транзит од регионите на Украина: Харков, Днипро, Одеса и Лавов.

-Постоење на директните летови ќе придонесе за интензивирање на билатералната соработка – зајакнување на бизнис врските, развој на туризмот во двете земји, подобро запознавање на граѓаните на Северна Македонија со Украина и на Украинците со Република Северна Македонија. На овој значаен настан беше посветена средбата на амбасадорката на Украина, стои во соопштението, објавено на Фејсбук страницата на Амбасадата на Украина.

На веб-страницата на WINDROSE веќе може да се купат картите и за Киев и за Скопје.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This