Владата ги изигра здравствените работници, наместо 40% од нето плата, добија по 92 денари

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Помпезно најавуваната мерка дека здравствените работници ангажирани во спраување со Ковид-19, ќе добијат картичка со 40% пропадна во вода. Наместо 40%, добија смешни 92 денари, со кои може да купат домашни производи.

Габриела Илиевска е здравствен работник, вработена во Клиничката болница во Битола како медиинско-лабораториски аналитичар, истовремено и независен советник во Советот на Општина Битола. На последната седница на советот, таа е исмевана за добиените 92 денари.

Олга Лозановска (ВМРО-ДПМНЕ): Габи зеде многи пари, со ваучерот, треба да го потроши. Дури 90 денари…

Валентин Груевски (ЛДП): Кој зел 90 денари?

Габриела Илиевска (ПОИНАКУ): Јас Валентин, ќе ти ги поклонам ако сакаш…Што ме гледаш? 92 денари земав

Викторија Христовска (ВМРО-ДПМНЕ): Да си купува домашно

Валентин Груевски (ЛДП): На подарен коњ не му се гледа заби

Методија Илиевски (СДСМ): Од каде зеде Габи?

Габриела Илиевска (ПОИНАКУ): Како здравствен работник…

Методија Илиевски (СДСМ): Бонус на плата?

Габриела Илиевска (ПОИНАКУ): Не! 40% што требаше на плата…

Методија Илиевски (СДСМ): И колку ти дадоа?

Габриела Илиевска (ПОИНАКУ): 92 денари

Методија Илиевски (СДСМ): Грешка е!

Владе Шеровски (СДСМ) Ти дале според заслугите

Методија Илиевски (СДСМ): Уште толку ти фалеа до 100 000 изгледа

Габриела Илиевска (ПОИНАКУ): Фала колега Шеровски, но кога ќе дојдеш кај мене како пациент ќе видиш колку се заслугите! Срамота е дека да деградираш здравствени работници. Кај нас нема заслуги, имаш обврски!

Зоран Стојчевски (СДСМ): Ќе си купиш две маски од поефтините

Габриела Илиевска (ПОИНАКУ): Не дај боже да дојдeш, ќе видиш како се работи.

Илиевска за ТВ21 вели дека не само таа, туку голем дел од нејзините колеги добиле смешни суми на пари.

„Вредноста на картичката немав намера да ја коментирам иако ја имав добиено пред неколку дена, бидејќи се надевав дека се работи за грешка и кај мене и кај моите колеги кои добија смешни суми. За жал на паузата на седница на совет, јавно бев повикана за сумата, а мислењето на советниците од власта за еден здравствен работник кој работел со Ковид-19 ќе оставам да го коментира јавноста“, истакна Габриела Илиевски.

Министерката за финансии ја признава грешката, вели дека ќе има корекции.

„работници како што гласи уредбата добиваат 40% од основната нето плата, таа листа брои  4400 здравствени работници која што ја доставува Фондот  за здравствено осигурување. Морам да посочам дека денеска се прави соодветна корекција на листата која што Фондот ќе ја достави до генералниот секретаријат, а тие ќе ја процесираат до банките за евентуални корекции, бидејќи истите потеницраа дека има грешки во однос на износите на нето платите“, посочи Нина Ангеловска.

Во добивањето на платежна картичка со која може да се купуват само домашни производи опфатени се вработените во Центри за јавно здравје, Итна помош, инфективните одделенија и вработени во други одделенија ангажирани за тестирање, дијагностицирање и лекување на граѓани заболени од КОВИД-19.

Извор: Тв21

Latest News

Nhà Cái FABET – Một Điểm Đến Uy Tín Cho Cá Cược Bóng Đá

Cá cược bóng đá ngày càng trở nên phổ biến trên toàn thế giới, và việc chọn một nhà...

More Articles Like This