Јакимовски до власта: Луѓе умираат, лимени сандаци се произведуваат како никогаш до сега а тие запенавиле во хор избори па избори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Рушиме рекорди. Неславни, се разбира! Уште на 26 мај кога ги олабавија мерките бев сигурен и им пишав: „Ќе видите што ќе ви се случи за две-три недели“ и еве се случи тоа што го очекував јас како и голем дел од здравствените работници. Очигледно дека власта целосно се изгуби и не знае кај тера, дури мислам дека сега оди до таму што ја пушта во игра варијантата Б а тоа е „ко преживи причаче, а ко не иде у лимени сандук“, реагираше на Фејсбук, Претседателот на Граѓанската опција за Македонија – ГРОМ, Стевче Јакимовски.

Значи се оди на варијантата колективна имунизација, ама не како смислена стратегија туку од немајкаде.

Е сега ќе зборуваме малку чесно, човечки и објективно: замислете ова да му се случуваше на Груевски? Каква медиумска кампања имаше тогаш СДСМ против владата на Груевски? Вклучени беа невладини организации, таканаречени аналитичари, професори, експерти, новинари, со невидена агресија и секоја пропаганда што ќе ја кажеа се ширеше како коронавирусов. Со вакви промашувања, со 196 денес заболени и осум мртви (некој велат и дека го кријат бројот) ќе направеа таква пропаганда, хистерија и омраза и ќе го наелектризираа народот да му влезе дома на Груевски, ќе го прогласеа за неспособен и само дека мисли на власт, како да го одржи режимот и како да победи на избори. А тогашниот министер за здравство Тодоров се сеќавате ли како го нарекуваше СДСМ? – МИНИСТЕР ЗА СМРТ. Се извинувам што ова морам да го кажам, ама ако Никола Тодоров беше министер за смрт овој денешниов Филипче за што е министер? За здравство или смрт? Мислам дека Тодоров незаслужено го имаше тој епитет и затоа истиот треба да му припдне со полно право на министерот Венко Филипче.

Луѓе умираат, лимени сандаци се произведуваат како никогаш до сега а тие запенавиле во хор избори па избори. Главен државен проблем им е ручекот на Мицкоски зошто тој со тоа покажал дека не ги знаел и не ги почитувал мерките.

Епа почитувани се гледа која партија не ги почитувала мерките, владеачката СДСМ се разбира! Колку што знам седумдесет и двајца им се во карантин а некои и во болница. Се уште не сум слушнал дека некој Вмровец е позитивен на короновирусот и покрај тоа што ручаа внатре а не надвор на терасата.

Бараат избори за како што викаат да станеле институциите функционални. Може ли да кажат кое министерство е нефункционално? За здравство, за финансии, за економија, за труд и социјала, за одбрана, за екологија, за транспорт и врски? Ако некоја институција не е функционална нека кажат зошто и кој им смета. Намерно не го спомнав МВР. Тука ги чекам, како може МВР да не е функционално кога за 15 минути пред Мицкоски се истопори еден автобус со 50 припадници на единицата за брзо распоредување. Тоа значи дека МВР е толку функционално дури и пресензитивно па реагира и на најмала ситница ама за жал таа непропорционална употреба на сила на запад не се цени.
Единствено што не функционира е парламентот а и што ќе ни го, ако функционира ќе направи уште некое предавство.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This