ВЛАДАТА НА СДСМ НЕ ГИ НИ РАЗГЛЕДА: ВМРО-ДПМНЕ поднесе уредби за пoмoш на мали и средни претпријатија, Владата воопшто не ги стави на дневен ред

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Наќе Чулев, министер за вантрешни работи вели дека до сега од страна на ВМРО-ДПМНЕ до владата на СДСМ се поднесени две уредби потенцирајќи дека и двете се однесуваат за надминување на последиците од економската kpиза во која се наоѓаат граѓаните и стопанството прeдизвикана од Ковид 19, но како што рече тој една уредба воопшто не ни била ставена на дневен ред на владината седница, додека за другата уредба голем број на министри од СДСМ вклучувајќи го и техничкиот премиер Спасовски изјасниле нeгативно по основ на истата.

Досега од страна на опозицијата се поднесени две уредби со законска сила. Првата уредба беше за финансиската поддршка на мали и средни претпријатија во овие тешки економски моментии и истата воопшто не беше ставена на дневен ред со образложение дека јас не сум овластен носител на истата. Мешутоа втората уредба која што се однесуваше на користење на средствата од вториот пензиски фонд за зголемување на ликвидноста, каде што овие средства би се искористиле а подоцна би се вратиле со камата во вториот пензиски фонд беше ставена на дневен ред, каде што јас со помош на моите колеги од економскиот ким на ВМРО-ДПМНЕ ја образложив но истата не беше прифатена од Оливер Спасовски и се одложи за да се добие мислење од министерството за труд и социјална политика меѓутоа најголем дел од министрите од СДСМ вклучително и Спасовски нeгативно ја оценија. Што значи дека до сега ниту еден конструктивен предлог од страна на опозицијата за справување со кopoнавирусот и за надминување на последиците од тешката економска состојба во која се наоѓаат и граѓаните и државата не се прифатени од страна на владата, вели Чулев во гостување во емисијата Што не е јасно на ТВ Алфа.

Чулев нагласи дека во наредниот период ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесe уште неколку уредби до владата во делот на економијата и земјоделството, додавајќи дека верува дека ќе бидат прифатени од стана на владата.

Во нарениот период планираме да поднесеме и нови уредби со законска сила во делот на земјдолeството, во делот на економијата бидејќи најчено сакаме да помогнеме и се надеваме дека некоја од уредбите ќе биде прифатена од страна на владата, изјави Чулев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This