ЧУЛЕВ: Поднесовме уредба со што ќе може беспилотните летала на МВР да се користат за потребите на сите други институции

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев вели дека министерството за внатрешни работи до владата на Република Македонија поднело уредба со законска сила за промена во организациската структура на МВР само во делот на предвидување на беспилотни летала, посочувајќи дека со оваа уредба ќе се овозможи употреба на беспилотни летала од страна на сите иснтитуции, порачувајќи дека на овој начин ќе нема дуплирање на капацитетите како и дека ќе се заштедат средства за нивно одржување.


Поднесена е уредба до владата се со цел да се промени организациската структура на МВР, во делот на предвидување на единица за беспилотни летала. Значи ние сакаме повторно да ја ставиме во функција единицата за беспилотни летала како дел од министерството за внатрешни работи и не само тоа туку оваа единица да ја ставиме на располагање не само на Агенцијата за национална безбедност туку истата да се користи за цивилни цели. Фактички оној вел што беше превиен со тајност ова единица мислам дека нема потреба од тајност на единицата затоа што таа единица може да се користи за цивилни потреби, не само на МВР туку да ја ставиме на располагање на сите други институции и на МО, и на Дирекцијата за заштита и спасување во делот на пожари и на центарот за управување со kризи и на катастер и на сите други институции на кои што им е потребна за да немам дуплирање со капацитети.

Во моментот на пример Министерството за одбрана има или планира да изврши набавка на беспилотни летала а ние веќе ја имаме и дополнително се плаќа за одржување од 1 милион и 960 илјади долари за двегодишно одржување на беспилотни летала, вели Чулев во вечерашното гостување во емисијата Што не е јасно на телевизија Алфа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This