ВЛАДИНИТЕ МЕРКИ НЕ ВАЖАТ ЗА СИТЕ: Сугарески излезе да се слика кај клучката која уште не е завршена

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Наредната недела се очекува да се пушти во сообраќај регионалниот пат Прилеп-Битола, во делот кај индустриската зона каде се гради клучката со придружната патна инфраструктура. Ова го изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески кој со директорот на ТИРЗ Александар Младеновски денеска беше на увид на работите со асфалтирањето на приклучоците на клучката која е во завршна фаза.

Динамиката на активностите тече, се асфалтира и очекуваме во најбрз временски рок, веќе од наредната недела, овој дел на патниот правец Прилеп-Битола да биде пyштен во сообраќај. Ова е исклучително важен дел кој се прави за развој на локалната економија, па и за целиот Пелагониски регион, изјави Сугарески.

Градежните работи на клучката за која зборува Сугарески започнаа на 17 септември, а требаше да завршат за три месеци.

Според директорот на ТИРЗ Александар Младеновски, пак, изградбата на клучката која со придружните елементи е инвестиција од околу четири милиони евра, е во завршна фаза, а неколкумесечното доцнење е од објективни причини.

Моментално се асфалтираат приклучоците на клучката, која е во завршна фаза на изградба за да може да го оспособиме и да го пуштиме во сообраќај регионалниот пат Прилеп-Битола. Како што течат изведбените работи, набрзо во целост треба да биде готова и клучката. Сѐ зависи од временските услови, но рабоите се при крај. Доцнењето на работите од шест месеци е од објективни причини: диcлокација на кабелот со ЕВН и од други нeпредвидени, објективни причини. Изградбата на клучката кај технолошко-развојната зона Алинци е инвестиција од 254 милиона денари или околу четири милиона евра. Инаку, овде при крај е изведбата на водоводот, а во внатрешната инфраструктура на Зоната се инвестирани дополнителни 50-ина милиони денари, објасни Младеновски.

Младеновски е директорот што лaжеше дека не бил во Женева на откажан саем со државни пари.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This