ВМРО-ДПМНЕ: За само четириесетина дена владата на СДС ќе ја задолжи државата само по основ на издавање на државни хартии од вредност за 73 милиони евра

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

 СДС ја лажеше јавноста. Во опозиција обвинуваше дека државата се задолжува пред секоја аукција на државни записи, а сега секоја втора недела го користи овој метод и ги задолжува граѓаните, изјави денеска Соња Ѓелова-Стојанова од ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа што за СДС и за ним блиските медиуми до пред некое време беше криминал, сега им стана редовна пракса и нормална работа. Ова е лицемерието на Зоран Заев. Ова е само потврда дека безочно го лажеа сопствениот народ.

Имено за четириесетина дена владата на СДС ќе ја задолжи државата само по основ на издавање на државни хартии од вредност за 73 милиони евра. Ова значи дека во просек секој ден државата заклучно со идната аукција ќе ги задолжи граѓаните по еден и пол милиони евра.

Патем владата на СДС и министерот Тевдовски упорно молчат за што ги трошат овие пари. Стравувањата кај јавноста за недомаќинско задолжување се оправдани, бидејќи со идната аукција од 13 милиони евра ќе се покријат само 290 илјади евра долгови кои доспеваат.

Дали овие средства од над 12 милиони и 700 илјади евра ќе се користат да се покриваат вработувањата на партиските војници и шарени револуционери во владата или можеби за набавката на октоподи, морски плодови и цвеќиња за аранжирање?

Тие немаат сериозен и одржан концепт на работа. Ова нивно однесување покажува дека освен што се лицемерни, тие се целосно дезориентирани.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This