НОВИ РАЗРЕШУВАЊА ОД ВЛАДАТА НА ЗАЕВ: Јелена Жугиќ и Братислав Димитров разрешени од директорските позиции

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за култура Роберт Алаѓозовски денеска ги разреши директорите во НУ Театар за деца и младинци – Скопје, Братислав Димитров и досегашната директорка на НУ Театар Комедија – Скопје, Јелена Жугиќ.

Како вршителка на должноста директор во Театарот за деца и младинци – Скопје е именувана Катарина Илиевска – Силјановска, додека за вршителка на должноста директор во Театар Комедија – Скопје е именувана Мирјана Поповска – Ристов.

–  Би сакале да ја информираме јавноста дека единствена цел на назначувањето на в.д директори е итно да се ослободат клучните институции, кои беа заробени од кадри што се под целосна контрола на Никола Груевски, кадри врз основа на кои се штимале систематизацијата и критериумите. Воедно, ве известуваме дека во најскоро време ќе биде предложена измена на Законот за државни службеници, со цел да се одблокираат институциите и да се обезбеди демократски трансфер на власта во сите ресори, се вели во појаснувањето од Култура.

Штом се исполнат законските услови, Министерството за култура порачува дека низ целосно отворен и транспарентен процес, ќе распише конкурси и ќе спроведе постапки за избор и именување на нови директори, на кои сите заинтересирани кандидати од самите институции, но и надвор од нив, ќе можат да ги предложат нивните програми и визии за департизација, заздравување и унапредување на работата на културните институции во Република Македонија.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This