„Вojвoдaтa Пиpинcки“ дo Љyбчo: Hиe тyкa вo Пиpин cмe Maкедонци, ETHИЧКИ Maкeдонци

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонскиот активист од Бугарија, Атанас Кирјаков-Војводата, реагира за изјавата на експремиерот Љупчо Георгиевски дека Гоце Делчев и другите македонски револуционери и интелектуалци од илинденскиот период пишувале на бугарски јазик, како и за неговиот предлог за надминување на ќорсокакот во односите меѓу Македонија и Бугарија.

„Господине Љубчо Георгиевски,

Ние, етничките Македонци, кои сме родени, живееме и работиме во Пиринскиот дел на Македонија, имаме напишано и отпечатено во печатниците во Благоевград и во Софија поголем број наши весници на бугарски. Имаме отпечатено во печатниците во Благоевград на бугарски и поголем број наши програмски документи на нашите македонски здруженија, македонска организација, македонска партија (устави, правилници, летоци итн.). Но, тоа што нашите весници и нашите документи се напишани на бугарски не значи и не нè прави Бугари. Ние сме си Македонци! Етнички Македонци!

Ви пишуваме по повод едно ваше интервју во кое вие спомнувате дека сите документи на МРО, ТМОРО, ВМОРО, ВМРО (устави, правилници, писма и др.) се пишувани на литературен бугарски. Исто така разбравме дека предлагате Решение од 5 точки за ‘излегување од ќорсоскакот’ во спорот меѓу Р. Бугарија и Р. Македонија, при што во една од точките предлагате Р. Македонија да декларира дека се откажува од македонското малцинство во Бугарија. Ако тоа е вистина и ако Вие лично се откажувате од нас, сепак Ви благодариме за досега добиената помош од Вас за да излегува нашиот весник ‘Народна волја’ и за помошта од Вас во текот на минатите години за одржувањето на други наши културни манифестации во Пиринскиот дел на Македонија“, вели еден од основачите на Обединетата македонска организација „Илинден“ и кандидат за градоначалник на Благоевград на локалните избори минатата година.

На крајот од своето јавно обраќање до Георгиевски, Кирјаков приложува фотографии од македонските весници што излегуваат во Пиринска Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This