Xoландија приjaви 10 cлyчaи со cepиозни нycпојави по вakцинaција со „Астpa3eнека“, жена во Данска со невообичаени cимптoми

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Xоландската служба за контрола и надзор на лекови „Фармаковиксиленс“, досега потврдила 10 инциденти кај луѓе вакцинирани со вакцина на компанијата „АстраЗенека“, а кои се евидентирани по владината одлука привремено да се запре употребата на таа вакцина.

Во соопштението на службата се наведува дека несеканите реакции вклучуваат случаи на тромбоза и емболија, но не и намален број на тромбоцити, како што имаше случаи во Данска и Норвешка.

Данската здравствена служба, пак, денеска соопшти дека 60-годишна жена која починала откако примила вакцина „АстраЗенека“ имала исклучително невообичаени симптоми.

Таа имала мал број на тромбоцити и згрутчување на крвта во големите и малите крвни садови, како и внатрешно крварење. Неколку слични случаи се потврдени и во Норвешка и во базата на податоци на Европската агенција за лекови (ЕМА) за несаканите ефекти, нагласуваат од Данската агенција за лекови.

Во Европската програма за вакцинација се загрижени од извештаите дека вакцините на „АстраЗенека“ предизвикуваат тромбоза, но Европската здравствена агенција соопшти дека нема докази дека ваквите реакции биле предизвикани од вакцинацијата.

Тоа е официјалната позиција што Светската здравствена организација ја објави во јавноста во петокот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This