Во Албанија од 2194 тестирани, кај 553 е дијагностициран Ковид-19

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Албанија во изминатото деноноќие опасниот вирус е кај 553 лица е дијагностициран коронавирусот, оздравени се 524, а починале девет пациенти.

Во изминатите 24 часа, од 2.184 тестирани сомнителни случаи, коронавирусот е потврден кај 553 лица што е над 25 отсто од тестираните. И понатаму главно жариште на болеста е Тирана, каде се 230 од новозаразените. Истовремено, борбата со опасниот вирус ја загубија девет пациенти на возраст од 54 до 81-годишна возраст.

о списокот на оздравени се впишани 524 лица, соопшти Министерството за здравство и социјална заштита. Моментно во четирите ковид болници се хоспитализирани 309 паценти, од нив 22 на интензивна терапија, а деветмина се интубирани.

Од почетокот на март кога беа регистрирани првите случаи на Ковид-19 во Албанија, направени се 249.635 тестови, позитивни на вирусот биле 55.380, оздравеле 30.790, починале 1.134, додека активни на болеста се 23.456 лица.

Во меѓувреме, премиерот Еди Рама најави дека имунизацијата против Ковид-19 ќе почне на почетокот на следниот месец, прво кај здравствените работници, по што ќе продолжи на просветните работници и полициските службеници.

Рама додаде дека освен за Северна Македонија, Бугарија од контингентот вакции ќе оддели и за Албанија, но оти во преговори се со неколку компании за набавка на вакцини.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This