Мицкоски: Ако барањата на Бугарија се услов, Заев веднаш треба да престане да преговара

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Што не е јасно“ зборуваше дали Заев ќе потпише нов Договор и посочи дека ако услов за договор се хегемонистичките и големодржавните барања на Бугарија, Заев треба да престане да преговара.

„Јас кога станува збор за Зоран Заев верувам се, дека се е можно да направи кое што нормално не го чини него и неговото семејство ништо, доколку го чини него и неговото семејство ништо тогаш не е подготвен да направи. Но, бидејќи за ова други се бореле и други стекнувале некаква вредност нема проблем таа вредност да ја распродаде па дури и дека е подготвен да испорача Анекс. Зошто ова го кажувам? Ако не е подготвен да испорача Анекс и ако не е подготвен да ги прифати максималистичките хегемониски барања од кај нашиотисточен сосед  и големодржавни би рекол бидејќи секако таму заменик претседателот на Парламентот викаше дека сме еден народ во две држави и треба природно да сме во една држава.

Јас не го велев тоа, официјално лице заменик претседател на Парламентот или потпретседател на Собранието во Бугарија. Зошто тогаш ако имаме разлики такви големи дијаметрални бидејќи тоа што го бараат од нас и тоа што мислам дека треба да е наша црвена линија е север-југ разлика. Ако имаме такви дијаметрално-спротивни гледишта на реалноста  тогаш зошто воопшто уште преговараме. Тогаш треба да седнеме и да си кажеме луѓе веќе не треба да преговараме бидејќи овој Договор ваков каков што го потпишавме неговата содржина  е исцрпена и оваа негова содржина не нуди решение. Или тие ќе се повлечат од ние нивни хегемониски барања или ние како држава треба да гонапуштиме овој договор бидејќи очигледно пратстваува сериозна пречка за да ние станеме членка на ЕУ, рече Мицкоски во своето гостување

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This