ВО АЛКОХОЛИЗИРАНА СОСТОЈБА ДИВЕЕЛЕ ВО КАФУЛЕ: Пратеник на СДСМ вербално нападнал сограѓани, ова не му е прв пат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На 10.01.2020 год. во 12.30 часот во кафулето „Mомче младо“ во Гостивар, од страна на актуелниот пратеник на СДСМ, Благојче Трпевски вербално биле нападнати двајца граѓани кои во моментот се нашле во кафулето. Се работи за А.Ј Албанец) и Б.О Македонец кои седеле на маса недалеку од масата на пратеникот каде го пиеле своето кафе.

Според нашите информации вербалниот напад не бил со ништо предизвикан, дури и постоела опасност и од физичка пресметка која била спречена од останатите присутни во кафулето. Од она што го велат присутните пратеникот бил во видно алхохолизирана состојба. Пратеникот не штедел на пцости и погрдни зборови, веле „вие сте ВМРО-овци тешки лопови и преваранти“, а притоа барал и насилно да го напуштат кафулето.

Двајцата кои биле вербално нападнати за да спречат ескалација на инцидентот го напуштиле кафулето.

Граѓаните се прашуваат до кога Трпевски ќе се повикува на пратеничкиот имунитет и ќе ги провоцира и малтретира гостиварчани кои не се негови истомисленици?

За жал не станува збора за изолиран настан па така на 24 септември 2019 г. Пратеникот од СДСМ – Гостивар- Благојче Трпевски, физички нападнал гостиварчанец во присуство на неговата малолетна ќерка.
Тогашниот немил настан се случил пред продавницата Деликатес кај стариот трговски центар во Гостивар, пратеникот од редовите на СДСМ – Благојче Трпевски, физички нападнал граѓанин, а според сведочењата од лица затекнати во моментот на случувањето, граѓанинот пазарувал во маркетот, а колата му била паркирана пред продавницата, притоа пратеникот му свирел за да ја тргне, на што сограѓанинот не бил во можност веднаш тоа да го стори затоа што бил на каса. Во момент на бес излегол и му ја скршил шофершајбната. Сето ова не завршило тука, туку и физички го нападнал во присуство на неговата малолетна ќерка.

За тогашниот напад на пратеникот на СДСМ од Гостивар, Благојче Трпески кој по гостиварските улици упорно дели правда преку социјалните мрежи се огласи и нaпaднатиот граѓанин на Гостивар.

-Згpoзен и огopчен од денешните случувања….

Повик до сите надлежни институции да си ја завршат својата работа онака како што доликува.

Денес сум јас со моето дете,утре можеш да бидеш баш ти….

Kpшењето на автомобил и yдиpaње на својот татко пред очите на своето дете поради тоа што треба да почекаш некоја минута за да поминеш со твоето возило, е далеку од нечовечност,без разлика дали си пратеник или некаков функционер…

Никој не смее да се повика на својот имунитет кој е даден од народот,за да вeрбално и физички нaпaѓаш свој сограѓанин.

Испраќам апел до сите институции барем еднаш да застанат позади обичниот граѓанин и да го расветлат целосно случајот.

ОДГОВОРНОСТ МОРА ДА ИМА
ДА НЕ СЕ ОБИДУВАТЕ ДА ГО ПРИKРИЕТЕ СЛУЧАЈОТ….

……Секој збор на мојата ќерка е : Тато,зошто чичкото ни ја иckpши колата и зошто те yдри…. Е баш поради ова ќе има одговорност Децата се секогаш на прво место… #Прaвда #Одгoворност, стои во неговиот пост на Фејсбук.

 

Згрозен и огорчен од денешните случувања….Повик до сите надлежни институции да си ја завршат својата работа онака…

Posted by Milovan-Miki Serafimoski on Tuesday, September 24, 2019

Во семејството на Благојче Трпевски пратеник од редовите на СДСМ од Гостивар се случи голема трагедија, неговиот син беше меѓу 13-те загинати во тешката сообраќајна несреќа, што се случи на автопатот Скопје-Тетово кај местото викано Ласкарци. Јовица Трпевски (25) почина откако автобус на Дурмо турс со 50 патници излета и се преврте кај Ласкарци.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This