ЌЕ ЈА БАРА ПРАВДАТА ВО СТРАЗБУР: Земјоделецот од Арачиново одбива да биде мaнипулиран за партиски поени

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Земјоделецот Екрем Јаји од скопското село Арачиново денеска повторно побара институциите јавно да кажат зошто сé уште не му е исплатена отштeтата вредна 10.000 евра за овошните насади yништени во катастрофалните поплави во 2016 година.

Јаји во изјава пред Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство рече дека ако не ја најде тука, правдата ќе ја побара во Стразбур. Како што нагласи, неколку пати побарал одговор од надлежните, но не добил, ниту бил примен кај министерот. Партиски, дополни, не е мотивиран, ниту е како било определен.

На 10 јануари првпат дадов изјава за отштeтата од 2016 година. Министерството за земјоделство прати дeмант преку социјалните мрежи дека со мене некој манипулира, дека лажам. Барам да се соочиме пред јавноста, за да се знае кој лаже. Јас или тие. Пред кој било медиум подготвен сум ако треба денес или утре, да седнеме и да ја кажеме вистината, но со факти, со вистински, а не со „фалс“ документи. Не сакам да манипулира со мене ниту една партија за политички поени. Јас не сум партиски определен, ниту сум бил, ниту ќе бидам, истакна Јаји.

Во скопските поплави му биле уништени околу 600 дрва, а за штетата има проценка.

Министерството ниту ми ја плаќа отштeтата, ниту ми дава решение. Велат дека ми следуваат пари, но да почекам зашто пари нема. Побарав средба со министерот, не ме примија. Отидов и во Тетово, зашто тука до него не можев да дојдам. Поставив прашање, зошто не ми плаќа, но тој не ми одговори. Сакаше да ми ги земе документите. Сакам да ја докажам правдата, луѓето да видат кој лaже, јас или Министерството за земјоделство, рече Јаји, додавајќи дека и други соселани, исто како него, не се обесштетени.

Јаји тврди и дека во текот на процедурата му е изгyбен предметот за материјалната штeта на куќата и шталата.

Зошто ми ја прават оваа нeправда, не знам, рече земјоделецот од Арачиново.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This