Во Британија и вакцинација и трет бран – Ковид-19 не запира

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Велика Британија повторно ги активираше итните болници подигнати на почетокот од пандемијата на коронавирусот и во петокот наложи затворање на основните училишта во главниот град Лондон за да го спречи забрзаното ширње на многукратно позаразниот нов сој на вирусот.

Со по повеќе од 50.000 новоаразени со коронавирусот во последните четири дена, британската здравствена служба извести дека очекува зголемување на бројот на новите пациенти со ковид, и оти се потребни уште болнички кревети.

Веста следеше само неколку дена откако болницата „Ројал Лондон“ со електронска пошта го извести својот персонал дека нема да може да го пружа соодветниот висок страндард на здравствена грижа за критично заболените.

Имајќи предвид дека британската престолнина е една од најтешко погодените области со новиот сој на коронавирусот за кој се верува дека е позаразен и до 70 отсто во однос на основната варијанта, владата одличи да ги затвори сите основни училишта во Лондон, поништувајќи ја така одлуката за нивно отворање донесена пред само два дена.

„Образованието на децата и нивната благосостојба и натаму е национален приоритет. Но преминот на училиштата во одалечените делови на Лондон на онлајн настава навистина е нашата крајна нужда и привремено решение“, изјави британскиот државен секретар за образование, Гавин Вилијамсон.

Британија во последниот период се соочува со нов бран на коронавирусот кој веќе усмрти повеќе од 74.000 луѓе во земјата и ја доведе нејзината економија до работ на колапс.

Британија е една од најпогодените земји во пандемијата на коронавирусот во светот а во последните 24 часа забележала нови 53.285 случаи на заразата и 613 нови смртни исходи.

Привремените болници кои се подигнати на локации на кои се наоѓаат конгресни центри британската војска ги подигна за само неколку дена. Тие ретко биле користени, но не биле демонтирани доколку затребаат, а според оцената на здравствените власти се чини моментот е сега и веднаш.

Известувањата од медиумите се дека дека одделите за интензивна нега во трите главни лондонски болници на вечерта на преминот во новата година биле преполни, поради што дел од пациентите морал да биде преместен на одделите за интензивна грижа во други болнички установи.

Во очекување на притисокот кој е сѐ поголем поради забрзаното ширење на новиот сој на коронавирусот, англиската Национална здравствена служба (NHS) побарала „привремените болници повторно да се подготват за прием на пациенти, доколку тоа биде потребно“, изјави за медиумите портпаролката на службата.

Катедрата за школување на медицински сестри при Империјал Колеџ предупредува дека земјата има хроничен недостиг од медицински сестри кои би се вработиле на новите работни места, особено на одделите со заболени со ковид-19.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This