Во Русија – наскоро производство на направа што открива пневмонија од ковид-19

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Научниците од Томск развија уред за анализа на здивот на пациентот, кој покажа одлични резултати во откривање на пневмонија предизвикана од вирусот корона. Апаратот може да открие ковид-19 за неколку минути, објави прес-службата на регионалниот здравствен оддел.

Уредот е развиен од научници од Институтот за истражување за онкологија на Националниот истражувачки медицински центар во Томск во соработка со вработените во лабораторијата за хемиски технологии на Државниот универзитет во Томск.

За време на дополнителни прегледи, се покажало дека апаратот, со анализа на примероците на воздух издишан од пациентот, овозможува откривање на пневмонија и инфекции со вирусот корона со голема прецизност.

Истражувачите проучувале податоци од пациенти со позитивен тест за ПЦР за ковид-19 и пневмонија. При утврдување на пневмонија, точноста на уредот била 97,98 проценти, а при дијагностицирање на нова инфекција со вирус на корона – 92,95 проценти.

Дијагнозата трае во просек пет минути. Научниците во моментов бараат партнери за производство на уредот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This