Во Центар и Карпош цената на квадрат е 1.500 евра – зошто толку поскапуваат становите?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Цената на становите во Скопје бележи постојан раст од почетокот на годинава. Во третиот квартал годинава, според податоците на Народната банка, недвижностите поскапеле за 5,9 отсто. Во првиот квартал зголемувањето изнесуваше 3,2 отсто, а во вториот 4 отсто. Тоа резултираше квадратен метар станбена површина да достигне 1.500 евра во општини како Центар и Карпош, а според одредени градежници, цената може да стаса и од 2.000 евра. Во услови на голема побарувачка, како што велат, понудата во одредени подрачја е намалена поради мораториумите за градење во изминатите години.

„Вртоглавиот“ раст, како што го квалификуваат носителите на бизнисот со недвижности, се должи на повеќе фактори: немањето доволно локации за градење, блокираните детални урбанистички планови и неносењето нови, порастот на цената на градежните материјали, но и на работната сила, која сè почесто заминува во странство.

Салим Хасани, претседател Групацијата на градежништво при Стопанската комора на Северозападна Македонија вели дека порастот на цените на становите во Скопје е резултат на повеќе фактори, кои имаат директно и индиректно влијание. Како поважни ги набројува немањето доволни локации за градење во атрактивните зони, блокирањето на неколкуте ДУП-ови во некои општини во претходниот период, како и неносењето нови ДУП-ови за формирање нови локаци по општините.

Сето ова, вели, влијае на намалување на новите градби и зголемување на цената на локаците што директно влијае на цената на становите. Како друга директна причина е порастот на цените на градежните материјали и енергентите, каде што порастот е од 20 до 100 проценти, а исто така имаме пораст и на цените за работната сила. Сето ова збирно ги покачи цените на становите за околу 30 проценти, вели Хасани за МИА.

Понудата е поголема во зоните каде што во поранешниот период имаше повеќе локаци за градба, како што се општините Аеродром, Гази Баба, Кисела Вода, Бутел, Чаир…

„Се нудат квалитетни градби со подобар дизајн и современи материјали во однос на претходните градби.  Додека побарувачката на нови станови е голема особено во Центар, Карпош и Аеродром. Но, не заостанува и во другите општини, како што се Гази Баба, Кисела Вода, Бутел и Чаир. Претежно се бараат мали станови со добра организација и поглед“, посочува Хасани.

Градежните компани во периодот на ковид-пандемија, иако со намален интензитет, посочува, работеа со позитивни биланси. Поголемиот развој, порачува тој, зависи од отворањето нови инвестиции за стандардни градби, кои се неопходни да ги има во континуитет.

„Сè помалиот број на локации не оди во прилог на развојот на оваа многу важна гранка на економијата. Енормното покачување на цените на речиси сите компоненти од градбата кај инвеститорите создава резерви при планирање на идните градби, прашање е дали куповната моќ ќе може да го следи овој тренд на пораст на цени. И по логика, ако имаме намален број градби, ќе имаме поскапување на цените на становите, а од друга страна, намалување на обемот на работа за градежниците. А со тоа и неможност да ја задржиме работната сила, која секој ден ни бега во странство. Така што наша сугестија е да се отворат што повеќе можности за градба, ќе биде подобро за сите, ќе имаме поголем развој, вбризгување повеќе пари во економијата, поевтини станови и поквалитетно живење“, изјави Хасани.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This