Во cвeтoт oкoлy 500 нoвинapи пoчинaa oд пocлeдици на Koвид-19

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Организацијата „Прес емблем кампејн” (Press Emblem Campaign) со седиште во Женева објави дека од почетокот на пандемијата од последици од Ковид-19 во 56 држави починале 489 медиумски работници.

ПЕЦ, со седиште е во Женева, наведе дека некои земји не пријавиле смрт на медиумски работници или не биле тестирани постмортен.

Според истражувањето на ПЕЦ најголем  број на смртни случаи кај медиумските работници има во Јужна Америка. Во Перу од последици од новиот коронавирус починаа 93 новинари, во Индија – 51, во Бразил – 43, во Еквадор – 41 и во Бангладеш – 39.

Во Мексико од Ковид-19 починаа 33 новинари, во САД – 25, во Пакистан – 12, во Панама – 11, во Англија – 10, во Боливија починаа девет, во Нигерија – осум, а во Авганистан, Доминиканска Република и во Хондурас починаа седум, шест во Аргентина, Никарагва и Венецуела, по пет смртни случаи се забележани во Колумбија, Франција, Русија и Шпанија и четворица во Италија.

– Ова е огромна загуба. Расте бројот на жртвите помеѓу новинарите во земјите како што се Индија, Бразил, Аргентина и Мексико, изјави генералниот секретар на ПЕЦ, Блејз Лемпен.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This