Вучиќ: Со Груевски „имав проблем“, ни ги земаше сите инвестиции, сега е многу полесно (Видео)

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Груевски ме мачеше, немав стратегија за него, вели српскиот претседател Александар Вучиќ во интервју зборувајќи за инвестицкиот бум во Србија во последните години. Србија прерасна во Балкански лидер по странски инвестиции, а претседателот на државата вели дека дури 62% од вкупните инвестиции во Западен Балкан пристигнуваат во Србија.

Во моментов нашиот северен сосед се чувствува супериорно, или како што вели Вучиќ, нема кој да ни ги преземе инвестициите.

– Вие кога идете накај Белград широк автопат, Нови Сад автопат, кога го обиколувате Краљево, Ниш, Крушевац па сите фабрики јас ги отворив. Сите фабрики ние ги донесовме. Ние ги донесовме инвеститорите, направивме добра политика. Не мачеше Груевски. Јас година и половина барав стратегија за него. Затоа што беше многу способен, имаше способни министри. Имаше добра политика на привлекување инвестиции, не мачеше, лутавме, година дена како да најдеме подобра програма, политика и ги поминавме им ги земавме сите инвеститори. Сега веќе никој ништо не ни зима, сите инвестираат во Србија. Имаме 61, 62 проценти од вкупните инвестиции во Западен Балкан, вели Вучиќ.

Во продолжение видеото од гостувањето на претседателот на Србија Александар Вучиќ а делот за инвестициите може да се погледне од 36:00 минутата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This