April 27, 2024, 11:58 am

Германија останува во кapaнтин уште еден месец

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претставниците на германската федерална и покраински влади се согласиле да ги продолжат тековните строги мерки на заклучување до 7 март, со некои отстапки како отворање на фризерските салони од почетокот на март.

„Ситуацијата со инциденцата е подобрена од последниот состанок. Сакам да им се заблагодарам на граѓаните за однесувањето со кое придонесоа за подобрување на состојбата. Но, ние сакаме дополнително да ја намалиме инциденцата и затоа ги продолжуваме тековните мерки”, рече германската канцеларка Ангела Меркел вечерва по видео-конференцијата со премиерите на сојузните покраини.

Таа посочи дека во моментов приоритет е да се спречи ширењето на мутираните соеви на вирусот што се појавија во Германија.

„Понатамошните мерки се поврзани со мутациите на вирусот, чие ширење мора да го спречиме по секоја цена. Многу е важно да го следиме развојот на ширењето на мутираните соеви до средината на март, со цел да избегнеме трет бран“, рече германската канцеларка.

Во секторот за образование, кој во Германија е под надлежност на сојузните покраини, донесена е одлука локалните владсти да го решат ова прашање по сопствена проценка.

„Мојата желба беше да започнеме со отворање на училишта и градинки од 1 март, кога очекуваме стабилен пад на инциденцата под 50. Но, оставивме отворена можност сојузните покраини сами да одлучат за отворање на образовните институции“, рече Меркел, додавајќи дека федералниот систем е подобар од централистичкиот.

Од 1 март треба да се дозволи работа на фризерските салони со строго почитување на хигиенските мерки и носење на маски.

Германската канцеларка истакна дека мерките за ограничување на контактите остануваат на сила. Така, и натаму е дозволен состанок на претставници на едно домаќинство со само еден член од друго домаќинство.

„Треба да бидеме претпазливи со отстапките, затоа правилото за сведување на контактите на минимум, што вклучува работа од дома каде што е можно, сепак ќе важи“, рече Меркел.

Обврската да се носат медицински маски во продавниците и јавниот превоз исто така останува на сила.

Како следен чекор по отворањето на фризерските салони, Меркел најави релаксација во секторот малопродажба и културни институции, но кога седумдневната инциденца трајно ќе опадне под вредноста од 35.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This