Кој примил две дози од вaкцината, не мора да биде во kapанти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американскиот Центар за контрола на болести (ЦДЦ) денес објави дека граѓаните кои примиле две дози на вакцината не мора да бидат во карантин доколку се во контакт со заразени со коронавирус, пренесува Си-Ен-Ен.

„Луѓето кои примиле две дози вакцина и ги исполнуваат критериумите повеќе нема да мора да бидат во карантин по контакт со заразените“, соопшти ЦДЦ.

Споменатите критериуми се примање на вакцината, но само три месеци по вакцинирањето. Според ЦДЦ, заштитата обезбедена од вакцината против коронавирус може да престане по три месеци, па затоа се препорачува карантин.

Дури и оние кои биле вакцинирани треба да обрнат внимание на можни симптоми 14 дена по сомнителен контакт.

„И вакцинираните лица мора да се грижат за сопствената заштита, да носат маски, да држат дистанца, да избегнуваат гужви и да одржуваат лична хигиена“, се вели во соопштението на ЦДЦ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This