Годинава yaпceни 488 новинари, yбиени 46, a 65 се држат во зaложништвo

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Годинава во светот се уапсени 488 новинари, што е најголем број откако организацијата „Репортери без граници“ (РСФ) почна да подготвува ваков биланс пред повеќе од 25 години.

Во исто време, оваа година беа убиени 46 медиумски професионалци, што е најмал број откако организацијата почна да објавува годишни извештаи, се наведува на официјалната веб-страница на организацијата.

Помалиот број на убиени новинари, како што се наведува, е последица на релативното стабилизирање на конфликтот на Блискиот Исток.

Бројот на уапсени новинари е зголемен за околу 20% во однос на минатата година, по нападите врз медиумите во Мјанмар, Белорусија и Хонг Конг.

РСФ објави дека годинава се приведени 60 новинари, што е за една третина повеќе од 2020 година, пренесува Танјуг.

Кина води во затворањето на новинари со 127 апсења, што, како што тврдат, во голема мера е последица на законот за национална безбедност.

На второ место е Мјанмар со 53 уапсени новинари, а потоа следуваат Виетнам (43), Белорусија (32) и Саудиска Арабија (31).

Падот на бројот на смртни случаи меѓу новинарите во однос на врвот во 2016 година ја одразува промената на динамиката во Сирија, Ирак и Јемен, каде што бројот на новинари во регионот е намален поради намалувањето на конфликтот.

Повеќето од 46-те убиства биле атентати, бидејќи 65 отсто биле намерно насочени и елиминирани, се вели во извештајот.

Најопасни земји се повторно Мексико и Авганистан, со седум и шест загинати новинари, а потоа следат Јемен и Индија со по четири.

РСФ, исто така, изброи 65 новинари и колеги држени како заложници ширум светот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This