20% од превозните средства за патници се технички неиcпpaвни

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Речиси 20 отсто од автобусите и комбињата кои превезуваат патници се технички неисправни. Од јануари до денес полицијата спровела 2.300 вонредни технички прегледи и кај околу 400 пронашла неправилности и фалинки.

Министерот Спасовски вели дека најчесто дефектите се кај сопирачките. Откако ќе се поправи дефектот возилата повторно одат на технички преглед, па дури потоа добиваат дозвола за да се вратат во сообраќај.

Меѓутоа, МВР има надлежност да реагира само кај недостатоците коишто се под Законот за безбедност на сообраќајот.

-Контролата на компаниите, издавањето на лиценци и се друго за кое е задолжен Инспекторатот за транспорт си ги прават според нивни планови и тие се дел од Инспекцискиот совет. Така што, доколку има потреба за било каква размена на податоци ние тоа го правиме во континуитет. Меѓутоа, преземањето на активности е исклучиво нивна надлежност и зависно од тоа како предвиделе, така ги прават тие контроли, вели Спасовски.

Прашан зошто македонските институции не објавуваат детали од истрагата за несреќата во Бугарија, Спасовски вели дека таа ја прават бугарските истражни органи и додека не заврши таму, не може да се обелоденат информации во јавноста.

-Секоја истрага мора да се води во институции, не преку медиуми, рече Спасовски.

Спасовски вели дека досега обезбедена е целосна документација која е потребна за истрагата од фирмата „Беса-Транс“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This