Големи тeнзии на средбата на 3aeв со коалицијата: Барале министри, а kaвга настанала и за „Диво нaceље“ и за „Moнcтpyм“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дел од помалите партии побарале по примерот на Алтернатива и тие да добијат министри без ресор.

Жестока дискусија се водела на синоќешната средба меѓу Заев и коалиционите партнери, а главните забелешки биле начинот на кој Алтернатива обезбеди места во извршната власт, но и непропорционалноста меѓу бројот на пратениците и добиените функции. Дел од помалите партии побарале по примерот на Алтернатива и тие да добијат министри без ресор, но сепак крајниот збор за кадровските промени и програмата за новата Влада ќе го има новиот мандатар кој треба да ги усогласи приоритети меѓу коалициските партнери, вели за Канал 5 заменик министерот за локална самоуправа од ДС, Зоран Димитровски кој вчера присуствуваше на средбата. Сепак, засега никој од владините партнери не размислува да ја напушти владата.

Заев на вчерашната средба порачал дека постигнатиот договор со Алтернатива е гаранција за стабилно мнозинство кое ќе ги решава сериозните предизвици за здравствената и енергетската криза, но и успешен епилог за почеток на преговорите со ЕУ и решавање на спорот со Бугарија, информираат од Владата.

Димитровски сведочи дека на состанокот доста време било посветено и за преговорите со Бугарија, а Заев реферирал дека на повидок е можно решевање на отворените прашања со драфт документ како патоказ кој ги содржи точките 5+1.

За повеќето од владините коалициски партнери спорна е и точката околу барањето за меѓународна истрага за некои судски процеси. Од ДС сметаат дека ова не може да биде предмет на договор бидејќи Диво насеље е терористички акт, а Монструм двапати се судеше, истакна Димитровски.

Извор: Канал 5

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This