March 19, 2024, 12:06 pm

Ременски paзочapaна од 3aeв, би сакала да е како Црвенковски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Јас добив подршка од многу сегашни и поранешни функционери, но најмногу сакам да ја акцентирам поддршката од искрените членови и борци, а посебно младите и жените.

Ова во изјава за „Фокус“ го истакна кандидатката за претседателка на СДСМ, Фросина Ременски на прашањето дали досега добила поддршка од некои сегашни или поранешни функционери на СДСМ.

-Можам да се пофалам со нивните имиња и авторитети, некој од нив ќе бидат и мои најблиски соработници, но тоа не оди во прилог на обединувањето, туку дополнително поттикнува дебати за “табори, крила, ветени резултати, непринципиелни игри, притисоци кон членството” и разединување на членството кое треба да гласа во недела.

Јас сакам во недела да биде ченет и гласан мојот авторитет, придонес и визија за партијата, а не резултатите на министри, вели Ременски за „Фокус“.

Таа смета дека поддршката од членството на тајно гладање е најважна и верува дека веќе знаат кој на која патека и за каква трка и реформа го позиционира СДСМ.

-Ако претседателот Зоран Заев го почитуваше принципот на поранешниот претседател на СДСМ Бранко Црвенковски од 2013 година да остане неутрален во трката за негов наследник, оваа трка ќе ја зголемеше видливоста, независноста и интегритетот на сите кандидати.

Членството сака континуитети, но сака и промени кои ќе ги имаме ако донесеме новини и ако погледнеме наназад за да видиме кого се’ оставивме на патот кон власт, изјави Ременски.

Извор: Фокус

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This