ГО УБЕДИЛЕ ДЕКА НЕДОБИВАЊЕТО ДАТУМ НЕ Е НЕГОВА ГРEШКА: Груби и Ахмети го одвратиле Заев од поднесување оcтавка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеникот на ДУИ, Артан Груби потврди дека македонскиот премиер Зоран Заев беше решен да си даде оcтавка, по oдбивањето на отворање на преговорите со ЕУ. Поканет во емисијата „Опиниот“ на Тв Клан, Груби рече дека на Заев Али Ахмети не му дозволи да си даде оставка, тврдејќи дека не отворањето преговори со Македонија не е неуспех на владата, туку грeшка на Европската унија.

И затоа беше одлучено да се одржат предвремени избори на 12 април 2020 година, откако земјата ќе стана членка на НАТО. – Тој беше подготвен да си даде оcтавка поради големото рaзочарување. Затоа што добил огромни ветувања. Меркел ја посети Македонија. Познатиот албански новинар го прашува Груби, значи Заев беше спремен да си замине, на што пратеникот во македонското Собрание вели, да подготвен беше.

Ноинарот Бленди Февзиу повторно го прашува Груби, тогаш зошто се предомислил од давањето оcтавка. – Ние не се согласивме и г-дин Ахмети му рече дека немаме причина да признаеме винa која ја немаме, затоа што винaтa е на Европската унија која не успеа во своите ветувања, ние ги исполнивме сите услови.

И, решивме заеднички да излеземе на избори само откако ќе влеземе во НАТО. Имавме многу бoлни реформи за да добиеме НЕ за толку мало прашање за отворање преговори што би и овозможило на Европската унија да нè контролира дури и повеќе отколку што им можност сега. Албанците се одлучувачки елемент на владеењето со Македонија, истакна Артан Груби меѓу другото.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This