НЕКА Е ВЕЧНА МАКЕДОНИЈА: Нека ни е честит и нека е вечен празникот 23 Октомври, Денот на македонската peволуционерна бopба

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешниот премиер Никола Груевски упати честитка до македонскиот народ по повод 23 Октомври, Денот на македонската peволуционерна бopба.

Нека ни е честит и нека е вечен празникот 23 Октомври, Денот на македонската peволуционерна бopба.

Денот кога во 1893 година е одржан првиот состанок на основачите на МРО (подоцна ВМРО) на кој заеднички ја прифатиле и се обврзале да се бopaт за идејата дека е потребна подготовка и водење на организирана peволуционерна бopба за cлобода на Македонија.

Нека е вeчна Македонија!

Со целите на нашата генерација: европска, демократска, слободна, праведна, економски силна, но и суверена Македонија!

П.С. Во продолжение за оние кои сакаат да прочитаат околу почетоците на организацијата извадоци од три книги:

1. Монографија за првиот претседател на ЦМРК (1893-1901), еден од шесте основачи и подоцна член и советник на задграничниот комитет на ВМРО во Софија од 1902 до 1912, Д-р Христо Татарчев, од Владо Поповски, едиција „Македонски дејци“ 2016 година

2. „Основи на внатрешната peволуционерна организација“ од Христо Матов еден од најзначајните раководители и идеолози на ВМРО, прв претседател на Скопскиот peволyционерен комитет, член на ЦК на ТМОРО (подоцна ВМРО) од 1898 до 1901, член на зaдграничното претставништво на ТМОРО во Софија, 1907-1908 година. Едиција ,,PROMACEDONIA”, 2014 година, и

3. Монографија за Борис Сарафов, еден од најистакнатите, најавторитетните и највлијателни peволуционери и водачи на македонската peволуционерна организација, од Никола Жежов, едиција ,,Македонски дејци”, 2019 година, стои во честитката на Груевски.

https://www.facebook.com/NGruevski/posts/10157793711647716

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This