ГРАЃАНИ НА СЕВЕРНА ВО УСТАВОТ: Шкариќ повикува Преспанскиот Договор преку амандман да биде вметнат во Уставот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Целиот Договор од Преспа да се вметне како посебен амандман во Уставот, државјанството и двојната формула Македонци/граѓани од Северна Македонија да се гарантира преку амандман, да се ограничи оценката на уставниот суд за ваквите билатерални  договори – универзитетските професори Шкариќ и Камбовски бараат дополнителни измени со кои договореното од Нивици ќе го направи уставна категорија.

Најавата на професорот Шкариќ за нови амандмани, пред неколку месеци веќе ја најави и премиерот Заев , кога од собраниската говорница пред референдумот најави и петти амандман за измена на македонскиот устав.

Освен фокусот на измените кои се однесуваат на ново име на државата, преамбулата со конститутивните документи, грижата за границите и дијаспората, академиците предлагаат и можност со измените да биде пропишана и можноста по две гласања во Собранието, потпис за вакви закони да стави спикерот на Парламентот, а не шефот на Државата, но и Уставниот суд да не ја оценува уставноста на ваквите закони.

Првиот човек на МАНУ на третата јавна расправа и отворено кажа дека академиците не се единствени по највисокото државно прашање.

За министрите во Владата и денеска уверуваат дека гласањето на уставните измени ни гарантира светла иднина, но во однос на додавката „Северна“ велат не можеме да замижеме на историските факти дека регионот Македонија во Грција бил поголем од нашата држава, а ни сме северниот дел.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This