СЕЛО ГОРИ БАБА СЕ ЧЕШЛА: Шилегов повикува на прослава на плоштад, Филипче вели седете дома не излегувајте надвор!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Не излегувајте надвор од дома кога е загадено, јадете овошје и зеленчук – министерот за здравство со препораки до граѓаните како да се заштитат од загадениот воздух. Освен препораки министерството не може друго да направи – вели министерот Филипче. Здравствените власти ќе набават и 50 000 маски за граѓаните со хронични заболувања, но се уште не се знае кога и како ќе бидат дистрибуирани.

Додека Владата и министерот за здравство апелираат граѓаните да останат дома и не превземаат ништо во борбата со загадувањето на воздухот, Шилегов на градскиот плоштад го прославуваше вклучувањето на сијаличките на новогодишната елка со огномет и пиротехника. Имено Шилегов потроши неверојатни 300 илјади евра за прославата и украсувањето на градот, поточно за скапоцените дрвените куќички кои сега се поставени на плоштадот. Со оглед на фактот што Филипче им препорача на граѓните да јадат повеќе овошје за да се ублажат ефектит од загадувањето, дали можеби куќичките од 300 илјади евра на плоштадот ќе бидат полни со кошни овошје за граѓаните, кои секојдневно се гушат поради енормното аерозагадување?

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This