Груби: Албанците беа и се за независностa на Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата денеска одржа свечена седница посветена на 30-годишнината од независноста на државата. Покрај премиерот Заев, на истата говореа вицепремиери и министри, а меѓу нив и првиот заменик на премиерот и министер за политички систем, Артан Груби.

Груби вели дека од денешна перспектива се двоуми за тоа дали 30 години претходно, Албанците, граѓаните Албанци со право не учествувале на референдумот којшто тогаш на државата и ја донесе независноста и сувереноста.
-Навистина, Албанците беа и се за независност на Македонија. Но, двоумењето ја создаде можноста за влез во било каков иден сојуз со суверените држави на поранешна Југославија, дејство коешто ние не можевме да го сметаме како опција. Можеби, од денешната комфорност, удобност може да кажеме дека тогашната елита требало директно да учествува во референдумот што придонесе за распад на поранешна Југославија и можеби ова солидарно учество ќе овозможеше меѓусебно разбирање и донесување на еден помодерен и мултиетнички Устав, кој ќе овозможеше рамноправност без мајоризација во одлучувањето, рече Груби.
Ова почетничко двоумење, додаде, со сигурност направија, една цела декада да живееме од воени реалности во една заедничка држава, да живееме едни до други, но не и едни со други, да не веруваме едни во други или да ги плашиме граѓаните за политичките придобивки, злоупотребувајќи ги нивните кошмари во функција на нивните агенди.
-Ова двоумење, ни изгуби една цела деценија на можности. И во 2001 година најтешкиот можен начин го разбравме она што јас често го кажувам дека лојалноста на граѓанинот кон државата се мери со лојалноста на државата кон граѓанинот. Но, сите договори и сите недоразбирање сега веќе се дел од една заедничка приказна на патот на нашата држава од независноста. Заедно на темелите на референдумот и декларацијата за независнот и Охрдискиот рамковен Договор го избравме дијалогот, рамноправноста и соживотот. Но и пријателството со соседите и го определивме нашиот пат кон НАТО и кон ЕУ. Затоа Договорот за добрососедство и Преспанскиот Договор се неразделен дел од мозаикот кој не направи членка и доверлив партнер на НАТО. Во овие важни моменти на оваа 30 годишнина како независноста, Охридскиот договор, Преспанскиот договор и договорот за добрососедство се темелите на државата. Со целосно полно убедување кажувам дека кој е против нив тој е против државата, истакна првиoт вицепремиер Груби и на сите граѓани им го честиташе јубилејот – 30 години независност.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This