Гутереш: “Пpoглaceтe вoнpeднa климaтcкa cocтojбa”

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Светските лидери треба да прогласат „вонредна климатска состојба “ во нивните земји и да започнат активности за да се избегне катастрофалното глобално затоплување, рече генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш, отворајќи го самитот за климата.

Повеќе од 70 светски лидери треба да зборуваат на еднодневниот виртуелен собир со цел да се поттикнат многу поостри намалувања на стакленичките гасови што ја загреваат планетата, на петтата годишнина од Парискиот климатски договор.

„Може ли некој друг да негира дека се соочуваме со драматична вонредна состојба?“, рече Гутереш во обраќањето преку видео врска. „Затоа денес ги повикувам сите лидери во светот да прогласат вонредна состојба во нивните земји се додека не се постигне јаглеродна неутралност.

Гутереш рече дека плановите за економско закрепнување донесени како резултат на пандемијата на коронавирус претставуваат можност за забрзување на транзицијата кон иднината со малку јаглерод.

„Засега, членките на Г20 во своите стимулативни пакети и помош трошат 50 проценти повеќе на секторите поврзани со производство и потрошувачка на фосилни горива отколку на оние со ниска јаглеродна енергија“, рече Гутереш.

“Тоа е неприфатливо. Милјардите долари потребни за да се опоравиме од ковидот се пари што ги позајмуваме од идните генерации”, рече тој. „Не можеме да ги искористиме овие ресурси за да се закопаме во политиките што ќе ги оптоваруваат идните генерации со куп долгови за уништената планета.

Во петокот, ко-домаќин на самитот, Велика Британија објави дека ќе се посвети на ставање токрај на директната државна поддршка за прекуокеанските проекти засновани на фосилни горива, зада охрабри слични потези од другите земји и да се забрза транзицијата кон почиста енергија.

Дипломатите на говорите на самитот бараат какви било знаци за преземање значителни климатски обврски од земјите како Кина, што изненади многу набљудувачи во септември објавувајќи дека нејзината цел е да се постигне неутралност на јаглерод до 2060 година, како и Индија и Јапонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This