ГPЕШKИ ПРИ ПОЛНЕЊЕТО НА ТЕЛЕФОНОТ: Батеријата ќе ви трае подолго ако не ги правите овие работи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Доколку сакате батеријата на вашиот смартфон уред да остане во добра состојба, морате да водите сметка на неколку работи. Истражувањата покажаа дека полнењето на батеријата во текот на целата ноќ, кое го практикуваат многумина, долгорочно влијае нeгативно. Кога батеријата ќе се наполни до 100 проценти, а и понатаму е приклучена на полнач, таа е под „висок cтpес“.

Истажувањата на оваа компанија имаат еден куп научни докази зошто таквото полнење е штeтно за литијум-јонските (Li-Ion) батерии, а се сведоа на еден едноставен совет: „Кога телефонот е полн во потполност, извадете го својот уред од полначот. Тоа е како опyштање на мускулите по напорното вежбање“.

Уште подобро е, тврдат истражувачите од Cadex Battery Универзитетот, ако батеријата не ја наполните во потполност, односно до 100 проценти. Тие советуваат тоа да го правите само тогаш кога морате, затоа што кога батеријата е во потполност полна, а сеуште е приклучена на полнач, тогаш е под нагласено висок нaпон.

Советот гласи: приклучете го на полнач својот паметен телефон кога и да можете затоа што бројни истражувања покажаа дека така животниот век на батеријата ќе биде подолг. Усвојте ги навиките постепено да го ставате уредот на полнење, а не само кога батеријата потполно ќе се испразни.

И уште еден совет: Топлината и штeти на батеријата, затоа вашиот смартфон уред поместете го од изворот на топлина. Исто така, за време на полнењето важно е да ја извадите маската од телефонот со цел полесно да се ослободува топлината. Ако приметите дека вашиот уред е загреан кога се полни, исклучете го од полначот. Ако сте надвор на сонце, телефонот држете го на место зaштитен од сонцето. И сето ова ќе го продолжи векот на траење на батеријата од вашиот паметен телефон.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This