Демант од ЕЛЕМ: Во РЕК Битола не може да влезе никој кој не е вработен во АД ЕЛЕМ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од АД ЕЛЕМ реагираат на објавата на Инфомкас „МИЦКОСКИ ВО КАЛ ДО КОЛЕНА ЗАЕДНО СО РАБОТНИЦИТЕ ОД РЕК: Додека Заев се гади од земјоделците, Мицкоски барабар со рударите во РЕК“, тврдејќи дека објавената фотографија од Христијан Мицкоски во посета на РЕК Битола била стара една година и била направена во времето кога Мицкоски бил директор на АД ЕЛЕМ.

Фотографијата која Вашиот сајт ,,Инфомакс,, ја објави денеска, 15.2.2018 година со текст дека Христијан Мицковски вчера бил во РЕК Битола, е стара една година и е направена во времето кога Мицковски беше директор на АД ЕЛЕМ. Ве информираме дека во комбинатот не може да влезе никој кој не е вработен во АД ЕЛЕМ и нема одобрение за влез од раководството, а наведеното лице по завршувањето на неговиот мандат во август минатата година нема влезено во РЕК Битола. – стои во демантот.

 

МИЦКОСКИ ВО КАЛ ДО КОЛЕНА ЗАЕДНО СО РАБОТНИЦИТЕ ОД РЕК: Додека Заев се гади од земјоделците, Мицкоски барабар со рударите во РЕК

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This