КОЛУМНА НА ОЛИВЕР АНДОНОВ: Муртинска политика

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Таман си помислив дека ќе се посветам повеќе на научни пишувања, кога не било речено. Не издржа срце јуначко да не напишам за глупостите на „одличната надворешна политика“ и уште „поодличната внатрешна политика“ на ѓон СДС предавничка. Според зборовите на нивниот врховен предавник, внатрешната политика ќе ја средел по теркот на Струмица, тешко нас, тоа значи муртинска политика.

И како што секогаш велам, да не заборавиме, па накратко ќе се припомниме за тоа дека се започна со „Шармер дипломатијата“ на оној министеро за по надвор кој има-нема рамка и линии, а за детерминирана државна или недај Боже национална политика не станува збор. Потоа продолжи со дебатите за се и сешто на лицето под маска, узурпатор на функцијата Претседател на Владата, па нели националност во пасош и националност како определба не е исто (како во странство оние со Македонски пасош ги третираат како да се Тунгузијци), се до тоа дека оној ѓон-лице под маска сите во регионот го сакаат, па затоа веројатно не се прибира во Македонија (освен кога оди на прослави, а му се погодија последниве денови, Св.Трифун во Кавадарци и Неготино и карневалот во Струмица), оти љубовта треба да ја шири и раздава, по надвор де, а за по дома ако остане, ако не ете ни муртинска политика. Но, и на овие домашните појавувања полн е со бисери во изјавите кои ги тресе како од ракав, а воглавно се поврзани со директно нанесување на штета на виталните национални интереси. Поради сето ова следува тоа гарантирано субјективно чувство кое овој лик под маска го има самиот за себе, а тоа е дека сите го сакаат во регионот. Секако се согласувам со тоа дека сите го сакаат, навистина го сакаат и тоа буквално според онаа српската „Сви ме воле, тако ме и зову“.

Ќе те сакаат, море ќе те обожаваат и тоа со пофалби на цела уста (по онаа старата „Фали ме усто, оти ќе те расчепам“), неможеа ниту да замислат и посакаат на сон, а не пак на јаве да им се даде еден ваков тип кој ќе им ги исполни сите нивни барања и желби кон Македонија. Се ќе им исполни и тоа во името на „платонската љубов“ секако за сите да го сакаат. И како што веќе напишав „Сви га воле…

Јасна ни е нам неговата „успешна“ политика за по надвор, но што станува со татковината во меѓувреме додека овој лик под маска се шета онака белосветски делејќи љубов?

Многу работи стануваат и токму затоа сакам да потсетам, да ве запрашам сите вас, сите нас во Македонија, а најповеќе Македонскиот народ како носечка нација во државата Република Макеоднија, која сеуште така се вика слава на Бога, дали по девет месеци спроведување на муртинска политика сме свесни каде не води овој лик под маска?

Нема да зборувам за меѓународните односи, геополитиката, регионалната политика, заштитата на националните интереси. Многу пати досега зборував и пишував за овие прашања и сметам дека во овој миг истите се далечни од граѓаните од Македонецот. Далечни се едноставно затоа што секој од нас поединечно е загрижен и преокупиран токму од внатрешната политика на Муртинецот, од неизвесноста која ја носи неговата муртинска политика. Со сигурност знам дека надворешната политика и сите прашања поврзани со неа му се непознати на овој лик под маска, но исто така со сигурност тврдам дека истиот е супер манипулатор. Додека ние се смеевме на неговите недоветни изјави, тресења глупости, а поедини наши сограѓани се занесуваа со шарено-револуционерни дела и прифаќаа вградување на некоја си измислена идеја за уривање на некаков си режим, овој лик под маска успеа да се инсталира на позицијата која ја узурпираше и денес ни раскажува приказни за неговата „успешност“ во внатрешната политика по теркот на Струмица (по се изгледа мислеше по теркот на Муртинска политика). Притоа, овој лик под маска не повикува на трпение, а во меѓувреме државата потона и сега може да чекаме само да не покрие песок и талог.

Но, што се случува на внатрешен политички план, во онаа муртинска политика за која Заев алијас ѓон Црпко не убедува дека ќе му била успешна. Веројатно за него е успешна, бидејќи никако да се појави на суд за неговата корупција додека во меѓувреме крајно лицемерно ни објаснува за борбата против корупцијата и правдата за сите. Ова е еклатантен пример на цинизам, потценување на сопствениот народ и безобразие. Наушени од неговиот пример неговите предавнички следбеници се однесуваат исто па така во државата се случува се само не напредок, правда, развој, живот. Се случува беззаконие, секој од нас на секој чекор може да се сретне со ова беззаконие, со самоволието на функционерите од ѓон СДС-предавничка, противзаконски отпуштања од работа, противзаконско прекинување на договори со измислени образложенија, деградирање во државната и јавната админситрација, поведување на неосновани и измислени дисциплински постапки, тенденциозни судски процеси, кривични пријави за јавно изречен збор и критика на оваа неспосбна власт, непрофесионално судење и донесување на пресуди без согледување на сите докази, факти и спротивно на закон, суптилни закани врз вработените во државните и јавните претпријатија, притисок и рекет врз приватните стопанственици (а тие се исклучително важната алка во синџирот на економијата на Македонија), цинизам и плукање по Македонија и Македонското затварајќи ги за тероризам патриотите, а ослободувајќи ги извршителите на убиство и незнам уште колку нечесни и беззакони дејанија кои неможат да се добројат.

Што да се каже за економскиот просперитет на муртинската политика? За нивната корумпираност, почнувајчи од промоторот на муртинската политика. Доколку не е така, се прашувам зошто не се појави на судење и тоа јавно судење? Да кажеме нешто или немушто да се потсетиме и да не заборавиме за поскапувањето на горивата, за оданочувањето и молзењето до крв на секого од нас, за новиот закон за јавни набавки кој не враќа во „златните деведесетти“ (без рамки и регулатива и можности за спогодби во 4 или во три и пол очи), за општата економска стагнација и падот на производството или за енормното задолжување. Самиот Муртинец кажа дека државата била задолжена 5 милјарди евра, а јас ќе потсетам дека за само 9 месеци тој ја задолжи државата 1,5 милјарда евра и ги потроши државните резерви, што вкупно изнесува приближно половина од долгот кој самиот тој го кажува (доколку може да му се верува, а неможе). Како успеаа да не задолжат за толку многу пари за само 9 месеци на власт е практична слика на чудото и животот кој ги произведува ѓон СДС-предавничка. Да се потсетиме дека до пред девет месеци во Македонија се градеше и се изгради, сега се застана, застанаа дури и завршените проекти за кои само требаше формално да се пресече црвена лента, застанаа започнатите проекти. Пругата кон Бугарија која еден министер (заборавам му името) ја најави помпезно како некогаш нивниот Бранко во 1994 година, повторно ја заборавија. Да, впрочем тоа е дел од муртинаскта политика, манипулации, лажни ветувања, корумпираност, тендери, распродажби, лично богатење, беззаконие, за која повторно ние треба да имаме трпение, трпение за да имаат време да ја деструираат државата и тоа во секој поглед.

Го гледаме скандалот со годишната програма на Министерството за култура, распределбата на државни пари во приватни цели, а не за промоција на културата и уште притоа и измислување на „традиции“ (од типот на сунетот како стара Албанска традиција). Ова е навреда врз сите Муслимани во Македонија, вклучително и Албанците со исламска вероисповед, но и во светот, бидејќи се работи за верски обред застапен кај сите припадници на Исламот, но зарем и тоа треба да се објаснува. На секој чекор гледаме неукост, незнаење, немање ниту желба да се научи. Постои само желба за инсталирање на своите полуписмени партиски кадри и шарени револуционери кој сето ова го примаат како своја лична „заслужена“ награда, награда која си ја одработија и сега треба да добро да се товарат, а за Македонија и народот не им е гајле.

На крајот и во највисоките инстанци на нивното „парламентарно мнозинство“ без интерес за заштита на националните интереси и интересите на секој граѓанин-човек во Македонија, заштита на човековите права, без ни најмалку чувство за демократско однесување ѓон СДС – предавничка се обидува да собере кворум за некаква работа и да глуми собраниска работа донесувајќи ужасни законски решенија или глумејќи демократија да се обидува да организира „јавни расправи“ за да пред нивните ментори креира лажна слика за вклученост на опозицијата, додека во меѓувреме ВМРО-ДПМНЕ и понатаму не учествува во работата на Собранието како резултат на политичките прогони врз сите патриоти.

Лажната слика секако ќе им ја прифатат и „сите ќе ги сакаат“ се додека имаат надеж дека ѓон СДС ќе им испорачаат нешто што на менторите им е во интерес. Спротивно на ова ние како Македонски народ, како граѓани на нашата Македонија нетреба да заборавиме што се и какво не зло ни донесе муртинската политика и на надворешен и на внатрешен план, а колку ли уште ќе продуцира зло ќе имаме можност да видиме, само дај Боже да траат пократко, а тоа секако зависи и од сите нас. Колку лични страдања, премрежија и голготи поминува секој од нас, токму благодарение на муртинската политика ќе треба да се погледне во секој од нас, но на крајот ќе треба и да се сублимира како еден скор на владеењето на предавничкиот режим на ѓон СДС.

Премногу се и овие девет месеци и еве видовме што навистина е режим и тоа режим кој не се грижи токму за ништо во сопствената држава, единствено за својата комоција и шетање по црвен тепих за да не си ги натопи чевличките во светата Македонска земја, впрочем тие очигледно и не припаѓаат тука, затоа и вака владеат, а од нас бараат трпение за нивните хирови. Времето за трпение измина, по утрото денот со познава, а нив веќе пладне ги фати.

Апелирам до младите генерации, вие сте иднината на Македонија и да не бегате од татковината, туку напротив силно да се спротивставите на овие лажговци, предавници, манипуланти и да немате трпение за муртинската политика. Ваше право е да се изборите за вистинските (не шарените) вредности на нашата заедничка Македонија. Тие вредности се вредностите на традиционализмот, на десницата, на конзервативизмот на Македонија која е една, единствена, обединета, заедничка држава на Македонскиот народ и сите нејзини граѓани, која е напредна и почитувана, безбедна, правна, праведна, европска земја. Имавте можност во изминативе девет месеци да ги видите погубните политики на СДС и на надворешен и на внатрешен план, да ја препознаеме ниванта лажна и манипулаторска муртинаска политика и да ја отфрлиме.

Да го прашаме ѓон СДС-предавничка. Нели живот за сите? Или не баш за сите? Туку според вашите извртени и шарени вредности, живот за вас и за по некого.

На денот на Сретение Господово

15.02.2018 година

Доцент д-р Оливер Андонов

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This